Archive | манекени RSS feed for this section

Диско-дива во фискултурна сала

7 Јул


Етикетата „ШИК АНДЕРКАВЕР” препознатлива по својата авангардна идеја, со интензивни бои и шари и смели форми, деновиве ја претстави колекцијата наречена „Во здраво тело здрав фустан“, инспирирана од диско-ерата

„Во здраво тело здрав фустан“ е мотото на четвртата колекција на младиот авангарден домашен моден бренд „Шик андеркавер“. Како и во претходните линии, кроевите и играта со контрастите на боите се приспособени на женското тело, без намера да го изобличува истото. Колекцијата содржи петнаесетина парчиња, најмногу фустани, а има и здолништа, пантолони и блузи.
– И во оваа колекција доминира црната боја, зашто едноставно нашиот пазар го диктира тоа. Многу тешко на нашиот купувач може да му се наметнат колоритни креации, токму поради потребата од сигурна комбинација и поради филозофијата дека с` оди со црно. Па така, додека на светските модни писти се мешаат повеќе принтови, а не само бои, ние срамежливо експериментираме. Сепак, тој мој неизбежен контраст со боја се провлекува и во оваа колекција – вели основачот и главен дизајнер на брендот, кој е познат по тоа што работи анонимно, не откривајќи го својот идентитет. Единствено е познато дека станува збор за млад домашен креатор школуван на престижни колеџи во Фиренца и во Милано.

Инспирација од 70-тите и од 80-тите
За него вечна инспирација е модата од последните неколку децении од минатиот век, каде што турбулентно се менувале трендовите. Појдовна точка за колекцијата му била девојка – диско-дива, чиј имиџ подразбира мини-фустани, светки, глам макси-модели, златен сјај, кич, декаденција.
И во своите претходни колекции прави комбинација на стилот од 70-тите и 80-тите години со актуелната мода. Тоа е експеримент што веќе станува препознатлив за брендот.
– Драго ми е што веќе го препознаваат стилот на „Шик андеркавер“ и уште поважно што како дизајнер сум сфатен. Тоа се децении кога настанала експанзија на културолошко ниво, во многу области. Веројатно зашто практично немало граници, било тоа да се економски било општествени. Се трагало по нови и поинтересни работи, играта со андрогеноста, технологијата, музиката… с` било ново. Се трудам таа естетика да ја претставам низ моите колекции, изменета и адаптирана на сегашноста. Во моите модели се чувствува симбиоза на неколку влијанија што навидум можеби никогаш не сте помислиле дека одат заедно – вели тој.

Креации за силни жени
Силната жена секогаш е во фокусот на оваа етикета. Креациите се наменети за личности што се сигурни во себе и се водат од девизата -„тоа што јас изгледам вака добро е с` ,само не случајност“.
Со оглед на тоа што Скопје во моментов нема концептуална продавница или простор од сличен вид, каде што припаѓаат креации во овој стил, „Шик андеркавер“ може да се најде само во „Петек“.
– Имавме беспрекорна соработка со „Лудус“, кој е веројатно единствениот концептуален простор кај нас, што беше отскочна штица за многу млади дизајнери. Се залагаше за нивниот прогрес – вели тој.
Освен во Скопје, колекциите на „Шик андеркавер“ напоредно се достапни и во Софија, во „Иван Асен 22“, еден од поважните шоу-румови.
Иако отворање свој продажбен салон е еден од приоритетите за во иднина, дизајнерот на брендот вели дека тоа не е нешто во кое би влегувал нагло или барем не сам.

Модни додатоци од Ивана Кнез
Обично во колекциите на „Шик андеркавер” се нудат целосни стајлинзи, комплетирани со модни додатоци. Оваа сезона креаторот решил да ги искористи накитот и чантите од новата колекција на дизајнерката Ивана Кнез.
– Фантастично се вклопија, естетски и временски. Не е случајност што токму таа е двигателот на секоја моја инспирација – вели авторот, чија муза е Кнез.

Сесија со Ана Додевска
Четврта колекција по ред за промотивните фотоматеријали соработува со некогашната манекенката Ана Додевска и со фотографот Жарко Чулиќ. Шминката е на Дарко Мишовски, кој автентично ја долови идејата на авторот за глам-дива. Сесијата е реализирана во фискултурна сала во Скопје. Креаторот вели дека промоцијата на новата колекција е сплет на модата од 70-тите и од 80-тите години со диско глам-девојка во фокусот, која ги владее подиумот и фискултурната сала, како добар потсетник на тоа време.

Ана НЕСТОРОВСКА
Фото: Жарко Чулиќ
Објавено во Дневник на 02.07.2011

Карен Елсон дизајнира модни додатоци

9 Мај


Црвенокосата манекенка, која гради успешна музичка кариера, Карен Елсон, & се врати на модата. Таа ќе дизајнира колекција за брендот за модни додатоци, Nine West. Ќе дизаjнира лимитирана колекција на додатоци за сезоната есен-зима 2011. Линијата ќе содржи чанти во винтиџ стил, чевли и накит, кои во продавниците на Nine West ќе се најдат во август.
-Мојот сон да дизајнирам колекција која ќе биде рефлексија на мојот карактер, со оваа соработка се остварува -вели Елсон.

FWSK ги избра новите лица

25 Фев


Елена Гугоска, Трајче Сачкарски, Сара Миленковска и Јованка Георгиева се заштитните лица на пролетното издание на Модниот викенд – Скопје. Деновиве тие позираа пред објективот на “АД фотографи” во креации на дел од учесниците на модната недела што ќе се одржи од 23 до 27 март на различни локации во метрополата. Елена и Сара се во модели од тандемот Тања Кокев и Мила Кадриу, Трајче е во креација на Роберт Ивановски, а Јованка во дизајн на етикетата Ludus Loves Fashion.

Скопјанка за на светските модни писти

7 Фев
by Marko Vulevic

Елена Трајановска е едно од највпечатливите нови манекенски лица во Македонија, со амбиции да изгради светска кариера

by Marko Vulevic
by Marko Vulevic

Со само неколку појавувања на модните писти и на промотивни фотосесии петнаесетгодишната скопјанка Елена Трајановска се издвои како една од најнадежните македонски манекенки.
Нејзината кариера почна со фотографирање за календар на „Алкалоид“ и едиторијалите за неколку наши магазини. Беше заштитно лице на колекцијата пролет-лето 2010 на Росица Мршиќ и на линијата есен-зима на етикетата Ludus Loves Fashion. Имаше забележителен настап и на Модниот викенд – Скопје. Вели дека сите досегашни ангажмани ~ се драги и не може да издвои еден како клучен во нејзината популаризација.
– Сосема случајно во 2009 година ме открија Алек Наумовски и Надица Ѓоргиева од модната агенција „Моделс ин“. Претходно немав буквално никакво искуство со модната индустрија. За свој ментор го сметам Алек. Од него навистина многу учам. Тој има искуство и знае како да ми го пренесе – вели Трајановска.
За нејзината меѓународна кариера ќе се грижи менаџерката Јелена Ивановиќ. Неодамна со нејзино посредство направи сесија со српскиот фотограф Марко Вулевиќ. Фотографиите се наменети за нејзиниот „бук“.
– Имам амбиции да успеам на светските модни писти. Во моментов се подготвувам, но с` уште не можам да откријам кои се конкретните планови во мојата кариера – вели Трајановска.
Нејзин последен ангажман беше фотосесијата за списанието за убавина „Јуник“, а во моментов е окупирана со училиштето.

Пошироко во интервјуто објавено во Дневник на 05.02.2011.

 

by Marko Vulevic