Archive | Април, 2009

НОВА КОЛЕКЦИЈА НА МАЈА КИКИРИТКОВА

29 Апр

Романтични модели што преминуваат во авангарда

текст: Ана Несторовска
фото: Андријана Костова и Димитар Петровски “АД”
модел: Ана Калачовска
објавено во “Викенд” на 18.04.2009


Црно-белата урбана приказна од новата колекција на младата креаторка Маја Кикириткова ги одушеви публиката и критиката на второто издание на Модната недела во Битола, која се одржа неодамна. Креациите од колекцијата Блацк&Њхите се модерни и носливи. Маја играла со кроевите и формите. Нејзините романтични модели преминуваат во авангарда.
Користела претежно природни материјали, а најзастапен е памукот.
– Инспирацијата за колекцијата ја црпев од секојдневието, од луѓето што ме опкружуваат и кои сакаат да изгледаат поинаку. Моделите од колекцијата се наменети за девојка, жена што сака да изгледа убаво и различно од другите. Преговарам со еден бутик во Скопје, каде што ќе бидат изложени моделите – вели Маја.
Креациите на Кикириткова се модерни и уникатни, во кои може да се препознаат девојките и жените што сакаат забава и динамика во имиџот. Таа е препознатлива по несекојдневните комбинации. Во зимските колекции има рачно плетени детали, што е нејзин заштитен знак.
Од сработеното може да се забележи дека таа ги следи светските трендови.
– Нормално дека еден дизајнер мора да ги следи светските трендови ако сака да биде успешен во својата работа. Често одам на саеми каде што може да се погледнат новитетите за наредните сезони. Исто така и модните недели се неизбежен дел од мојата работа.

ТЕЛЕВИЗИСКИ И ТЕАТАРСКИ ДИЗАЈНИ
Маја сега работи како дизајнер во фирмата “Е&Л Креатив”. Ја подготвува новата колекција есен-зима 2009-2010, која треба да биде промовирана во септември. Постојано е ангажирана за изработката на фустани за идните матурантки.
Македонската јавност ја запозна како дел од жирито во реалното ТВ-шоу “Фешн стар”.
– Во тој проект влегов сосема случајно. Како и секоја работа и оваа ми донесе искуство и ме научи на многу позитивни и негативни работи.
Таа се погрижи за стајлингот на водителите Зоран Љутков и Билјана \оргиевска на домашниот Евросонг. Во еден таблоид беше обвинета за плагијат на креацијата од втората вечер.
– Од МТВ бев ангажирана како стилист за водителите на домашниот Евросонг, па од понудената облека јас ја избрав таа што ја носеа водителите, а во ниеден случај за време на манифестацијата не беше изјавено дека тоа се мои креации, можеби дошло до недоразбирање -одговара таа.
Го направи и имиџот на манекенката Ирена Танеска, нашата претставничка на меѓународниот изборот за убавина што лани се одржа во Кина. Таа работи стајлинг за други јавни личности, како Ивана од емисијата “Ексклузив”, која лани носеше нејзини креации, и за пејачката Маја Вукичевиќ.
Ги направи костимите за претставите “Лет во три глави” (МНТ) и “Мушичка” (Велешкиот театар), двете на режисерот Никола Ристов. Вели дека планира и понатаму да продолжи да се занимава со театарска, а се надева и со филмска костимографија.

КРЕИРА СПОРЕД КАРАКТЕРОТ НА КЛИЕНТОТ
Неодамна се претстави на саемот во Минхен, а лани со Никола Булески и Јован Петровски ја отворија модната недела во Сараево. Учествувала и на модна недела во Приштина.
– Претставувањето надвор од Македонија е голема реклама за мојата работа и нормално сето тоа се исплаќа. Запознавањето со многу нови луѓе е огромно искуство за мене, а и тие се запознаваат мојата работа.
Во минатата година на Модната недела во Сараево ја промовира својата колекција “Метаморфози”, во која беа застапени фустани што може да се трансформираат во различни варијанти, за дневни или за вечерни пригоди. Во колекцијата доминираат земјените тонови, комбинирани со хулахопки во поинтензивни бои и со сандали во металик розова, зелена и сина боја, кои исто така го имаат нејзиниот потпис.
Креаторката е задоволна од интересот и продажбата на моделите од оваа линија.
– Има девојки што сакаат модели по нарачка, но можам да кажам дека кај нас во Македонија луѓето немаат навика да купуваат дизајнерски парчиња облека. Полека, но сигурно ова оди во нагорна линија.
Маја има само 23 години и нејзината младост и свежина се чувствуваат во младешките идеи при креирањето на колекцијата есен-зима 2008-2009. Вели дека не се соочува со генерациски јаз или проблем кога треба да креира за постари личности или за некои што не се близу до нејзиниот менталитет.
– Со луѓето што доаѓаат кај мене претежно наоѓаме заеднички јазик. Најпрво разговарам со клиентот и според неговиот карактер се прави и креира моделот, така што немам проблем без разлика за која возраст и да се работи.
Таа е школуван дизајнер. Дипломирала на Академијата за дизајн во Белград и е на магистерски студии на Европскиот универзитет во Скопје. Вели дека талентот за креирање е многу важен за еден креатор. Но, како и во секоја работа, во модниот дизајн се потребни пет отсто талент, а 95 работа.
Маја е родум од градот на текстилот – Штип и одблиску може да ја види ситуацијата во модната и текстилната индустрија кај нас. Вели дека постепено македонските граѓани сфаќаат дека кај нас има навистина квалитетни модни дизајнери.
Поради обврските во Скопје, таа ретко го посетува својот град.

ИЗЛОЖБА НА САША ЛАНОЈЕ

23 Апр



БИЗАРНАТА СТРАНА НА МОДАТА

Во промо-центарот Public room (над поранешна Лудница) од 28 април до 15 јуни ќе бидат изложени дела од проектот Современа опсесија на младата холандска дизајнерка и креативен консултант Саша Ланоје. Отворањето ќе почне во
20 часот. Дизајнерските дела на Саша се иронизација на денешното потрошувачко општество. Таа користи препознатливи состојки во нов контекст, продуктите ја пренесуваат пораката и им го покажуваат на луѓето нивниот изненадувачки и ироничен поглед кон светот.

ЖЕНСТВЕНИ ВО МАШКИ ПАЛТА

7 Апр
Сакоата се светски моден хит во урбаната мода! Така е изминативе година-две, а за нивното пробивање најголема заслуга има Стела Макартни. Таа упорно ги форсираше повеќе сезони. Во секоја колекција подбутнуваше по некој модел, еднаш тоа беа црни , кратки и припиени за телото, вторпат се обиде со долги беж-модели во вид на мантилчиња, но најголем успех имаше дури кога ги наврати нивните ракави, како што се носеа во 80-тите. Брзо се рашири нивната употреба. Да нема заблуди, не се мисли на сакоата во елегнатните комбинации, како дрес-код варијанта во бизнис-стилот, туку на кежуал street style формите, кои се далеку повобудливи, бидејќи дозволуваат мешање на стилови и еспериментирање со формите. на улиците на Лондон, Копехаген и Берлин , а веќе забележително и во Скопје, младите од двата пола, кои ретро-класиците ги сметаат за непрекинат извор на нови идеи прават умешни комбинации на машки палта комбинирани со свилени и ленени фустанчиња, памучни маички со апликации. Моделите се надополнуваат со брошови, шамивчиња и марами.*

Кира Најтли , која важи за една од модно најинтелигентните девојки од филмскиот свет, машките палта ги практикува на црвениот килим, но и во секојдневието. Ова комплетче, што веројатно многумина би го одминале, зашто потсетува на нестилизрианите модни кризи од раните 90-ти, таа му дала шанса и го направила носливо и убер-кул. Всушност нејзниот веќе оформен моден карактер и имиџ кај публиката има толкав кредит што и да облече вреќе за компири ќе биде урбано. Сепак, ова сако без јаки има свои квалитети, особено би било симпатично ако се носи со фармерки и маичка.

Ако Стела Макартни е најголемиот ’адвокат’ на сакоата, слободно може да се каже дека Кејт Мос е најподвижната реклама на ова парче облека. Кога бирав фотографии имав бааги голем проблем, бидејќи таа повеќе годни ги излите од носење во сите можни варијанти, рокерки, елегантно, спортски, за преку ден, за на работам за на концерт или на ноќните излегувања. Преферира црно кратко палто, со задолителнио засукани ракави. Ги сони со фустани, шорцеви, хеланки, фармерки, здолништа…
Светото британско тројство на уличната мода во Лондон го заокружува Агнес Дејн која покажува талент за откривање на супер модерни парталчиња, што нема да ја турнат од колосекот на нејзиниот стил. Се што носи е покорено на нејзниот имиџ, а ова сако ’спие’ во комбинацијаат за прошетка.


Еве уште едно палто ископано од архива, но прикладно употребено за еден лежерен секојдневен изглед. Кејти Холмс, која можеби не ви е сипматишна поради лошите улоги и уште почлошиот животен стил и сопруг-Том Круз, но таа е една од најурмабите девојки, кога не е на црвениот килим. Изненадува со својот одлишен избор, а ова тегет сако во темно-сина боја е топ.


Рејчел Билсон во долго, темно-сино светликаво палто кое комплетно ја менува сликата, со оглед на тоа што под него носи памушна бела маица и фармерки. Сакото е носечкото парче и воопшто немате впечаток дека не е дотерана.


Можеби ретко кој ги памети филмовите на актерката Камерон Ричардсон, но незаборавни се нејзините модни решенија. Машко палто + црна федора + шарено лелеаво фустанче = тоа што се бара ова сезона.

Незамисливо е да постои некој моден тренд, без тој веќе да поминал низ ормарот на новата модна икона Алекса Чунг. Се’ што гледаат на неа, Британците го прифаќаат како модна догма. Плус-минус, таа има интересни комбинации, што заслужуваат да се најдат и на Skopje street style.

Стела Макартни во едно од своите варијации на тема сако.


Сиена Милер со малку поавангарден модел. Всушност сакоата со пердуви се нешто што џет-сетот доста го практикуваа во последно време (на пр. Брендон Флауерс од The Killers). Нејзината комбинација е добирта, вакво фустанче веќе е незамисливо без сако.


Мери -Кејт Олсен ова долго црно сако го носи и со бело фустанче, но е практичен модел и за сите други комбинации.
Брук Шилдс со евергрин комбинација на црно сако со бела кошула и темен џинс.

ЛЕНТИ, ПЕРДУВИ И КРУНИ

5 Апр
Китењето со модните детали не завршува со обетки, ѓердани, алки, шапки и колани. Инспирирани од модата во римско време и од фолкорот на Индијанците стилистите ги вметнуваат и лентите, пердувите и круните во косите на девојките. Иако многумина овој детал ќе го поврзат со маскирање, сепак на главата е повеќе од ефективен. Во 80-тите години траките беа дел од имиџот да трендсетерите од двата пола. Денеска тоа повторно е хит меѓу холивудските ѕвезди. Актерката, модел и дизајнерка Мила Јовивич и актерката и пејачка Џулиет Луис неколку години се препознатливи по овој детаљ. Во својот стил ги вметнаа и Миша Бартон, Никол Ричи, Рејчел Билсон и Хелена Кристенсен. Низ скопските улици се’ уште ретко се среќаваат лентите кои може да бидат со ластик, од свила, со плетенка или во вид на тијара, со кристали и бисери. Додека ’уловиме’ ваков детал на нечија глава низ нашите улици еве неколку идеи како мое да се носи и комбинира.


Мила Јовович со позлатена лента


Модел со ластик и пердуви во боја


Хелена Кристенсен со тијара-трака

Миша Бартон како римјанка


Рејчел Билсон во хипи варијанта


Џулиет Луис како вистинска Индијанка на своите концерти

NEW COLLECTION BY ROSICA MRSIC

4 Апр








FASHION BETWEEN MODERN ART & MEMORIES



Колекцијата пролет -лето 2009 на младата креаторка Росица Мршиќ, која на 2 април беше промовирана во концепт-просторот Лудус“, e инспирирана од јапонската орнаментална уметност . Во неа минимализмот како сензибилитет е ставен во контекст наспроти експресионистичките детали во облеката. Таа користи едноставни и геометриски кроеви. Колекцијата е дополнета со вметнати кружни сечења кои ја омекнуваат силуетата. Со користење на црната боја се доловува формата, сивата и белата помагаат во градење на длабочината, а силните нијанси на портокаловата и сината предизвикуваат нов контраст. Mатеријалите се во согласност на инспирацијата- природни и едноставни . Комбинирани се за да доловат специфична графичка игра во формата.

Модел: Мартина Павловска