Archive | Јуни, 2010

Нежна колекција што не избледува

17 Јун

Листајќи низ фолдерите во мојот компјутер наидов на една колекција што неколку сезони го инспирираше мојот стил. Пролетната колекција од 2008 година на актерката и модел Мила Јовович и нејзината пријателка и партнерка Кармен Хаук е ненаметлива, но впечатлива линија. Моделите без било какви проемни може да се носат и оваа сезона, иако се поминати две години и во меѓувреме никнаа други трендови. Двоецот Јовович-Хаук користел меки и проѕирни материјали, пастелни бои, нежни и девојчешки кроеви-секое парче е мала романтична приказна , што одговара за доцна пролет и пошеток на летната сезона. Креациите се со ретро шмек, но удобни, носливи и актуелни. За жал ова е последна нивна заедничка колекција, по петгодишна успешна работа, во која изградија препознатлив, урбан стил, за креативни, забавни, сензитивни и независни девојки. Во продолжение е избор од наинтересните парчиња од оваа колекција.















Седум причини зошто летово ќе носам карнери

16 Јун



1. Женственост
Колку и да е во тренд унисекс облеката и колку и да се практични машките модели, никогаш од мода не излегува женственоста. Карнерите се совршен моден зачин во секојдневниот изглед, му даваат сензуалност и елеганција. Од најмашкиот модел во вашиот ормар ќе направат романтично парче. Дури и обична т.н. рамбовка или синдикалка, ако се украси со брош со карнери или се сошие лелеава лента, ќе стане совршена блуза за вечерни излегувања. Тие ја даваат дозата на гламур што секоја жена и девојка треба да ја има, без разлика на возраста и стилот. Оваа сезона нежната, женска страна ќе биде нагласена со карнери на ракавите, поставени на едно рамо на блузите или фустаните, како завршеток на здолништата, а може да се сретнат и на чантите и чевлите.

2.Фенси и кежуал истовремено
За девојките што имаат активен ден, а немаат време да го менуваат својот аутфит, карнерите аплицирани на одредено парче од комплетниот стајлинг, се совршен детал. Успешно ги поврзува елегантниот, бизнис изглед и секојдневниот кежуал имиџ. На пример, едноставна, памучна блуза со ,,букет,, од карнери на едното рамо комбинирана со фармерки, димии или здолниште до колена. Добар спој е здолниште со карнери со маичка по прерамки или со кратки ракави надополнета со елече. Вака облечени ќе бидете пристојно стокмени за на работното место, од една страна, и од друга, модерна, но ненаметлива за на кафе со пријателите.


3. Многу комбинации
Едно од правилата на комбинирањето е да се биде умерен и внимaтелен во спојувањето на карнерите со другите парчиња облека. Важни е да се зачува формата и нагласокот на моделот или деталот, спојувајќи го со ненаметливи парчиња. Ако сакате акцент да ставите на карнерите на вашата блуза, не претерувајте со лелеаво и повеќе слојно здолниште, или панталони со сложени додатоци, отвори или врвци. Премногу карнери исто така не се препорачуваат , т.е, долг фустан со густи карнери. Во оваа категорија е и препораката да не се носат истовремено топ и долен дел со карнери. Ако ги почитувате овие правила, се друго е во игра.


4. Камуфлажа на недостатоците
Карнерите им ја враќаат самодовербата на девојките со комплекси и преголема самокритичност. Ако правилно се распределени, тие може да го извадат најдоброто од вас…Покрупните карнери подобро ги сoкриваат килограмите, ситните ги изедначуваат нерамноменостите. Вертикалните ја истакнуваат линијата на телото, а хоризонталните му даваат егзотичност на моделот. Кошулите и палтата украсени со карнери, кои имаа дефинирани линии, со нагласени ракави и тенка половина се совршени за сите типови и физички предиспозиции.



7. Ретро и тренд
Карнерите не се откритие на денешната мода. Лежат во основата на многу традиционални костуми, особено од латиноамериканските краеви. Доколку, истражувајќи по ормарите на вашите мајки и баби, наидете на кошули и фустанчиња со карнери, не игнорирајте ги! Прилагодете ги во вашата секојдневна мода. Украсете ги со некој модерен колан, гердан, а може да ја корегирате и должината или рамките и ракавите.

by: Јован Петровски

6. Стела Макартни
За поромантичните типови карнерите се совршен детал што го доловува цветниот ефект. Создава динамика и кај наједноставните материјали и форми. Колекцијата пролет-лето 2010 на британската дизајнерка Стела Макартни е свежа, колоритна, весела, а секој модел е како посебен цвет во некоја градина. Користела интензивни бои и играла со формите. Нејзината колекција, инспирирана од шпанскиот фолкор, носи многу идеи и решенија, што се лесно применливи.
Во својата последна колекција, пролет-лето, прикажана на неодамна одржаниот Моден викенд-Скопје, нашиот познат креатор Јован Петровски ги вметна карнерите како освежување за фустаните, блузите и здолништата.





7. Секси
Без разлика во која форма ги носите карнерите секогаш привлекуваат внимание. Тие се атрактивен додаток со кој ќе изгледате уникатно. Ве прават секси без да се разголувате…..треба ли повеќе причини за да ги вметнете во вашиот летен стил?


Три нови колекции за четвртиот роденден на „Лудус“

11 Јун


Младите модни креаторки Елена Спасовска и Александра Митковска и македонскиот бренд „Шик андеркавер“, вечерва во 21 часот ќе ги промовираат своите нови колекции во концепт-просторот „Лудус“ во Скопје.

„Искривено огледало“ е називот на новата мини-колекција на креаторката Елена Спасовска. Таа е сосема различна од претходната понуда. Овој пат облеките се лесни и удобни, применливи и комерцијални. Новитет се летните сакоа и неколкуте машки парчиња.

Младата дизајнерка и костимограф Митковска, која има дипломирано на институтот за мода „Марангони“ во Милано, првпат се претставува во „Лудус“. Креаторката има работено за модните куќи „Мис сиксти“ и „Кавали“. Ќе ја понуди колекцијата за есен-зима 2010-11, направена под нејзината модна етикета „Вибразиони“. Колекцијата е авангардна и е спој на драматичното и носливото, за која користела висококвалитетни материјали. Летната мини-колекција на „Шик андеркавер“, пак, е романтична и похомогена во изборот на боите и на материјалите од пролетната.

Урбани комбинезони

1 Јун














Шик-елеганција од џинс

1 Јун














Романтични пролетни трендови

1 Јун