СКОПЈЕ КАКО ХАРЕМ

23 Мај

Димии, шалвари, хамерки, аладинки, харем или ориентални панталони, без разлика како ги нарекувате, сезонава се најсимпатичното парче што многу спонтано се врати во модното мени.Со својата повеќенаменска форма ги прави практични за сите пригоди. Ви оставаат голем простор за имагинација и разни комбинации. Сезонава не се носат само со ориентални блузички и чевли, туку и со спортски маички и патики, блузи со апликации, со сакоа и високи потпатици, но и со лежерни кошулки и римјанки. Шалварите влегуваат во урбаната мода во почетокот на 90-тите години благодарение на музичарот Емси Хамер. Оттогаш во САД се познати и како хамерки. Кај нас се најпознати како шалвари и димии, како оставштина од Турско, но дел од нив се примениле и во нашата традиционални носии. Низ историјата на модата повремено се појавува по како сезонски хит, а летово се најубавото освежување и ослободување од тесните панталони што ги изнаносевме во минативе неколку години. Во креирање на современите шалвари се применуваат буквало сите стилови, има од тренерки, преку фармерки, тричетврт, здолниште-панталони, па се’ до свечени панталони во харем-форма. Материјалите се движат од лен, преку памук, па се’ до свила. Една од предностите на димиите е што може да ги носат сите жени (па и мажи), без разлика на нивните телесни квалитети. Си покрива недостатоците, ви влеваат самодоверба и слобода да си играте со стилот. Вистинска инфузија во трендовите! Ако се прошета низ скопските продавници може да се забележи дека веќе има голема понуда на шалвари. Бидејќи сме мал пазар, со модна сцена што ја диктираат бутиците, деновите Скопје наликува на вистински харем бидејќи кога е нешто хит, сите девојки брзаат да видат во тек. Сепак, како и за сите трендови, и шалварите не се препорачуваат да се носат само зашто се во мода. Лесно може да се прочита на кој убаво му ‘легнуваат‘. Поентата е да ги вклопите во својот стил, а не да го прилагодите својот имиџ на овие сложени модели.

























Напишете коментар