КАТАРИНА ИВАНОВСКА ВО ‘V MAGAZINE’

21 Мај

Објавено во “Дневник” на 21 мај 2009
Најуспешниот македонски топ-модел Катарина Ивановска е дел од фотосесијата за мајското издание на познатиот американски „В магазин“. Манекенката, која гради успешна светска кариера, е ангажирана во едиторијалот со трендови за претстојната сезона лето 2009. Сесијата ја направи фотографот Сеиџи Фуџимори, кој има соработувано и со нашата позната манекенка Мартина Павловска. Катарина на фоторевијата носи модели изработени од свила, нагласено украсена и доградена со многу детали. Застапени се здолништа, комбинирани со корсети и хеланки, сите со елегантна и гламурозна нота. Стајлингот, кој го направи Јуки Џејмс, е заокружен со луксузен и трендовски накит.Мајското издание на насловната на „В магазин“ содржи повеќе супермодели што презентираат костими за капење, цветни и светли летни модели. Стилистот Џејмс, како што се вели во модниот магазин „ве“ оди во спротивен правец на класјето, носејќи ве преку најпосакуваната вечерна облека на сезоната, со палета од бои типични за летото“. За сесијата за изгледот на Ивановска се погрижиле фризерот Денис Гот и мејкап-артистот Асами Тагучи. Катарина е дел од светската агенција за манекенки -“Вомен менаџмент“ и има постојани ангажмани на најзначајните светски модни недели. Катарина ја почна меѓународната кариера по победата на „Лук модел срч“ во 2004 година. Се најде на насловните страници на италијанското издание на „Вог“ и на австрискиот „Дива магазинс“. Се појавува и во едиторијали на некои од најдобрите модни списанија. Пред неколку месеци беше главниот лик во сесијата за годишните трендови за 2009 година во најтиражниот британски моден магазин за жени „Гламур“.Двомесечниот „В магазин“, е фокусиран на уметноста, модата, филмот и музиката. Најпознат е по објавата на сесии на најпознатите светски фотографи, како и соработката со најдобрите модни дизајнери.

Напишете коментар