МНОГУ МОДА НА ЕДНО РАМО

30 May

Фустаните и блузите на едното рамо се ретро парчиња, што во себе имаат многу футуризам. Во минатото применувани се во Римско време (кај мажите и кај жените), а ако вниматерлно се загледате ќе ги забележите како форма во монашките облеки на повеќе религии и кај арапските и азиските земји. Нестилизираните фустани со едно рамо се нарекуваат уште и “апостолски наметки” бидејќи се верува дека апостолите носеле платно заврзано на едното рамо. Во поновата историја вистинкста промоција им се случува во 70-тите години на минатиот век. Диско-ерата носи многу вакви несекојдневни форми на блузи. Иако нема многу аргументи за практичноста на ваквите парчиња, но со сигурност може да се каже дека тие се многу интересно и за модата податливо моделче, што овозможува динамика во стилот. Веројатно постојат дилеми, кое рамо останува непокриено. Некои од креаторите секогаш го оставаат десното, но нема правила. Нема ни правила дали тоа ќе биде на блуза, мини или макси фустан. Во колекциите за пролет-лето 2009 на повеќе брендови што нудат секодневна облека се најде по некоја ваква форма. Има шарени и еднобојни, најчесто во пастелни бои. Едното рамо може да биде цел ракав, прерамка, а има модели со разни додатоци на таа страна. Интересни се тие со лелеави материјали и карнери. Најголема промоција и враќање на модата со едно рамо се случи лани, со премиерата на филмот “Сексот и градот”, во една од сцените Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер) се појавуца со бело кусо фустанче на едно рамо, надополнето со огромен цвет. Ова веќе култно моделче го применија многу жени, но и стилисти. Годинава Моника Круз за “Манго” направи слично едностасво и еднобојно фустанче со карнери. Не станува збор за топ-пет моден момент на оваа сезона, но е парче што заслужува да се нарече модел на иднината, зашто се уште не е доволно искористен и истражен.








Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: