НОВА КОЛЕКЦИЈА НА МАЈА КИКИРИТКОВА

29 Apr

Романтични модели што преминуваат во авангарда

текст: Ана Несторовска
фото: Андријана Костова и Димитар Петровски “АД”
модел: Ана Калачовска
објавено во “Викенд” на 18.04.2009


Црно-белата урбана приказна од новата колекција на младата креаторка Маја Кикириткова ги одушеви публиката и критиката на второто издание на Модната недела во Битола, која се одржа неодамна. Креациите од колекцијата Блацк&Њхите се модерни и носливи. Маја играла со кроевите и формите. Нејзините романтични модели преминуваат во авангарда.
Користела претежно природни материјали, а најзастапен е памукот.
– Инспирацијата за колекцијата ја црпев од секојдневието, од луѓето што ме опкружуваат и кои сакаат да изгледаат поинаку. Моделите од колекцијата се наменети за девојка, жена што сака да изгледа убаво и различно од другите. Преговарам со еден бутик во Скопје, каде што ќе бидат изложени моделите – вели Маја.
Креациите на Кикириткова се модерни и уникатни, во кои може да се препознаат девојките и жените што сакаат забава и динамика во имиџот. Таа е препознатлива по несекојдневните комбинации. Во зимските колекции има рачно плетени детали, што е нејзин заштитен знак.
Од сработеното може да се забележи дека таа ги следи светските трендови.
– Нормално дека еден дизајнер мора да ги следи светските трендови ако сака да биде успешен во својата работа. Често одам на саеми каде што може да се погледнат новитетите за наредните сезони. Исто така и модните недели се неизбежен дел од мојата работа.

ТЕЛЕВИЗИСКИ И ТЕАТАРСКИ ДИЗАЈНИ
Маја сега работи како дизајнер во фирмата “Е&Л Креатив”. Ја подготвува новата колекција есен-зима 2009-2010, која треба да биде промовирана во септември. Постојано е ангажирана за изработката на фустани за идните матурантки.
Македонската јавност ја запозна како дел од жирито во реалното ТВ-шоу “Фешн стар”.
– Во тој проект влегов сосема случајно. Како и секоја работа и оваа ми донесе искуство и ме научи на многу позитивни и негативни работи.
Таа се погрижи за стајлингот на водителите Зоран Љутков и Билјана \оргиевска на домашниот Евросонг. Во еден таблоид беше обвинета за плагијат на креацијата од втората вечер.
– Од МТВ бев ангажирана како стилист за водителите на домашниот Евросонг, па од понудената облека јас ја избрав таа што ја носеа водителите, а во ниеден случај за време на манифестацијата не беше изјавено дека тоа се мои креации, можеби дошло до недоразбирање -одговара таа.
Го направи и имиџот на манекенката Ирена Танеска, нашата претставничка на меѓународниот изборот за убавина што лани се одржа во Кина. Таа работи стајлинг за други јавни личности, како Ивана од емисијата “Ексклузив”, која лани носеше нејзини креации, и за пејачката Маја Вукичевиќ.
Ги направи костимите за претставите “Лет во три глави” (МНТ) и “Мушичка” (Велешкиот театар), двете на режисерот Никола Ристов. Вели дека планира и понатаму да продолжи да се занимава со театарска, а се надева и со филмска костимографија.

КРЕИРА СПОРЕД КАРАКТЕРОТ НА КЛИЕНТОТ
Неодамна се претстави на саемот во Минхен, а лани со Никола Булески и Јован Петровски ја отворија модната недела во Сараево. Учествувала и на модна недела во Приштина.
– Претставувањето надвор од Македонија е голема реклама за мојата работа и нормално сето тоа се исплаќа. Запознавањето со многу нови луѓе е огромно искуство за мене, а и тие се запознаваат мојата работа.
Во минатата година на Модната недела во Сараево ја промовира својата колекција “Метаморфози”, во која беа застапени фустани што може да се трансформираат во различни варијанти, за дневни или за вечерни пригоди. Во колекцијата доминираат земјените тонови, комбинирани со хулахопки во поинтензивни бои и со сандали во металик розова, зелена и сина боја, кои исто така го имаат нејзиниот потпис.
Креаторката е задоволна од интересот и продажбата на моделите од оваа линија.
– Има девојки што сакаат модели по нарачка, но можам да кажам дека кај нас во Македонија луѓето немаат навика да купуваат дизајнерски парчиња облека. Полека, но сигурно ова оди во нагорна линија.
Маја има само 23 години и нејзината младост и свежина се чувствуваат во младешките идеи при креирањето на колекцијата есен-зима 2008-2009. Вели дека не се соочува со генерациски јаз или проблем кога треба да креира за постари личности или за некои што не се близу до нејзиниот менталитет.
– Со луѓето што доаѓаат кај мене претежно наоѓаме заеднички јазик. Најпрво разговарам со клиентот и според неговиот карактер се прави и креира моделот, така што немам проблем без разлика за која возраст и да се работи.
Таа е школуван дизајнер. Дипломирала на Академијата за дизајн во Белград и е на магистерски студии на Европскиот универзитет во Скопје. Вели дека талентот за креирање е многу важен за еден креатор. Но, како и во секоја работа, во модниот дизајн се потребни пет отсто талент, а 95 работа.
Маја е родум од градот на текстилот – Штип и одблиску може да ја види ситуацијата во модната и текстилната индустрија кај нас. Вели дека постепено македонските граѓани сфаќаат дека кај нас има навистина квалитетни модни дизајнери.
Поради обврските во Скопје, таа ретко го посетува својот град.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: