Седум причини зошто летово ќе носам карнери

16 Jun



1. Женственост
Колку и да е во тренд унисекс облеката и колку и да се практични машките модели, никогаш од мода не излегува женственоста. Карнерите се совршен моден зачин во секојдневниот изглед, му даваат сензуалност и елеганција. Од најмашкиот модел во вашиот ормар ќе направат романтично парче. Дури и обична т.н. рамбовка или синдикалка, ако се украси со брош со карнери или се сошие лелеава лента, ќе стане совршена блуза за вечерни излегувања. Тие ја даваат дозата на гламур што секоја жена и девојка треба да ја има, без разлика на возраста и стилот. Оваа сезона нежната, женска страна ќе биде нагласена со карнери на ракавите, поставени на едно рамо на блузите или фустаните, како завршеток на здолништата, а може да се сретнат и на чантите и чевлите.

2.Фенси и кежуал истовремено
За девојките што имаат активен ден, а немаат време да го менуваат својот аутфит, карнерите аплицирани на одредено парче од комплетниот стајлинг, се совршен детал. Успешно ги поврзува елегантниот, бизнис изглед и секојдневниот кежуал имиџ. На пример, едноставна, памучна блуза со ,,букет,, од карнери на едното рамо комбинирана со фармерки, димии или здолниште до колена. Добар спој е здолниште со карнери со маичка по прерамки или со кратки ракави надополнета со елече. Вака облечени ќе бидете пристојно стокмени за на работното место, од една страна, и од друга, модерна, но ненаметлива за на кафе со пријателите.


3. Многу комбинации
Едно од правилата на комбинирањето е да се биде умерен и внимaтелен во спојувањето на карнерите со другите парчиња облека. Важни е да се зачува формата и нагласокот на моделот или деталот, спојувајќи го со ненаметливи парчиња. Ако сакате акцент да ставите на карнерите на вашата блуза, не претерувајте со лелеаво и повеќе слојно здолниште, или панталони со сложени додатоци, отвори или врвци. Премногу карнери исто така не се препорачуваат , т.е, долг фустан со густи карнери. Во оваа категорија е и препораката да не се носат истовремено топ и долен дел со карнери. Ако ги почитувате овие правила, се друго е во игра.


4. Камуфлажа на недостатоците
Карнерите им ја враќаат самодовербата на девојките со комплекси и преголема самокритичност. Ако правилно се распределени, тие може да го извадат најдоброто од вас…Покрупните карнери подобро ги сoкриваат килограмите, ситните ги изедначуваат нерамноменостите. Вертикалните ја истакнуваат линијата на телото, а хоризонталните му даваат егзотичност на моделот. Кошулите и палтата украсени со карнери, кои имаа дефинирани линии, со нагласени ракави и тенка половина се совршени за сите типови и физички предиспозиции.



7. Ретро и тренд
Карнерите не се откритие на денешната мода. Лежат во основата на многу традиционални костуми, особено од латиноамериканските краеви. Доколку, истражувајќи по ормарите на вашите мајки и баби, наидете на кошули и фустанчиња со карнери, не игнорирајте ги! Прилагодете ги во вашата секојдневна мода. Украсете ги со некој модерен колан, гердан, а може да ја корегирате и должината или рамките и ракавите.

by: Јован Петровски

6. Стела Макартни
За поромантичните типови карнерите се совршен детал што го доловува цветниот ефект. Создава динамика и кај наједноставните материјали и форми. Колекцијата пролет-лето 2010 на британската дизајнерка Стела Макартни е свежа, колоритна, весела, а секој модел е како посебен цвет во некоја градина. Користела интензивни бои и играла со формите. Нејзината колекција, инспирирана од шпанскиот фолкор, носи многу идеи и решенија, што се лесно применливи.
Во својата последна колекција, пролет-лето, прикажана на неодамна одржаниот Моден викенд-Скопје, нашиот познат креатор Јован Петровски ги вметна карнерите како освежување за фустаните, блузите и здолништата.





7. Секси
Без разлика во која форма ги носите карнерите секогаш привлекуваат внимание. Тие се атрактивен додаток со кој ќе изгледате уникатно. Ве прават секси без да се разголувате…..треба ли повеќе причини за да ги вметнете во вашиот летен стил?


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: