Модниот викенд-Скопје од 3 до 8 април

9 Feb


„Kокев & Kадриу“, „Дума”, Ирина Тошева, Александра Митковска, Антонија Ристевска, Елена Лука, Kатерина Чукниева, Сара Сековска и Олгица Ѓоргиева се дел од дизајнерските имиња чии колекции ќе бидат пријкажани на Петтата сезона на Модниот викенд-Скопје што ќе се одржи од 3 до 8 април. Покрај ревиите и модните изложби, на програмата ќе бидат џетсет-забави и други ексклузивни настани што ќе се одржат на повеќе локации.
Во рамките на Модниот викенд ќе се организираат две иновативни случувања „Jazz & Fashion“ во партнерство со Амбасадата на САД и Македонската модна формација (MFF), како и наградниот натпревар за најдобар дизајнер на „Пелистерка“ – „Spark of inspiration“. Од Србија ќе гостуваат Тијана и Мила Поповиќ, а организаторите откриваат дека ќе има и други гости од странство.
Освен модата и последните трендови, организаторите на FWSK посветуваат посебно внимание на глобалните екотенденции кои се актуелни во целиот свет. Блискоста кон природата, ревиите на отворени локации и промотивните материјали од органско потекло ќе бидат важни моменти во новиот концепт на Модниот викенд-Скопје.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: