Скопје во стилот на Боуви

16 Sep
Креација на “Лудус” и Елена Диновска

Целовечерна забава, со концерти, диџеј-сетови, модна изложба и со проекција на филмови во чест на Дејвид Боуви ќе се одржи во сабота (17.09)  во Младинскиот културен центар со почеток во 20 часот. Вечерта ќе ја отвори модна изложба на неколку наши авангардни модни брендови и дизајнери: „Лудус“, „Шик андеркавер“, Елена Диновска, Горан Сиџимовски, Александра Шекутковска и Јасна Димитровска.
реаторите работеа по концептот Space Androgyny – инспириран од Боуви. „Лудус“ во соработка со Елена Диновска ќе има несекојдневно претставување на новата дневна колекција. Горан и Јасна подготвуваат уникатни торби, Александра ќе ги претстави своите нови шапки, а „Шик андеркавер“ ќе има свое мало царство во еден агол. На настанот задолжителни се црвени обувки во сите варијанти, а поинвентивните и поинспирираните можат да дојдат во компетна костимографија. Во рамките на забавата ќе има merchandize штандови со маички и платнени торби од Ultra Design Shop, уникатен рачно иразботен накит, маски и очила што посетителите за симболична цена ќе можат да си ги понесат за спомен. И модната изложба
ќе биде продажна.
Организатор на забавата наречена Let’s Dance, која ќе се одржи во рамките на манифестацијата „Бела ноќ“ е Tiiiiit! Inc.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: