Le Brand – мода во ритамот на Куба

1 Jul


Првата колекција на новата модна куќа „Ле бренд“, зад која стојат Зуле Кршкова и Лиле Кадинска- некогашни дизајнерки во „Кара“ и во „Васидора“, е со весели и разиграни креации инспирирани од сензулноста на Куба

Безгрижниот и весел дух на Куба бил инспирација за првата колекција на новата македонска модна куќа за жени, „Ле бренд“, што неодамна премиерно беше претставена во кубанскиот бар во Скопје. Зад брендот стојат две млади, но етаблирани креаторки: Зуле Кршкова- позната по работата во нашата модна куќа „Кара“, и Лиле Кадинска, која беше дизајнерка во „Васидора“.
– Линијата е наречена „The Sensual Cuba Collection“. Сакавме да направиме весели и разиграни креации, па Куба, како тема се наметна сама по себе. Имаме намера сите колекции да бидат приказна сами за себе – велат Кршкова и Кадинска.

Моделите се изработени од природни материјали: свила, лен, памук, а има и жоржет и тафт. Поголемиот дел се со дезени, а ги искомбинирале онака како што сметале дека во целост ќе го доловат духот на Куба.
– Голем дел од комбинациите се нестандардни, но тоа е тоа што ја прави колекција специфична и единствена, а веруваме така ќе се чувствуваат и тие што ќе ја носат. Креациите се за сите што сакаат да внесат малку ведрина и дух во своето секојдневје. Кога би биле во модел од „Ле бренд“ нема воопшто да размислуваат каков стајлинг да направат, зашто секое парче е дизајнирано да може да биде единствено и да се постигне саканиот ефект – велат тие и откриваат дека називот „Ле бренд“ доаѓа од двете последни букви од нивните имиња.

Баланс меѓу квалитетот и цените
Стационирани се во Скопје и во Битола, наизменично, што подразбира многу патувања, за да се достапни за клиентите од цела Македонија. Креаторките велат дека нема конкретна поделеност на работните обврски поврзани со фирмата, оставаат с` да се одвива спонтано.
– Двете учествуваме во сите фази, од идеја до финален производ. Тимот на „Ле бренд“ засега го сочинуваме само ние две, но има многу луѓе што срдечно и несебично ни излегуваат во пресрет кога е потребно.
Засега креациите може да се најдат на нивниот блог lebrand.blog.com, а се во преговори и со неколку продажбени места во Скопје.
– Тежнееме кон постигнување баланс меѓу квалитетот и цените. Една од нашите идеи при основањето беше да направиме бренд чии парчиња постојано ќе ги гледаме околу нас, а нема да бидат унифицирани и ќе се издвојуваат.

На релација Скопје -Битола
Кршкова и Кадинска првите модни чекори ги направиле на Факултетот за моден дизајн во Софија. По завршувањето имале различни работни обврски, Зуле во Скопје, Лиле во Битола, но за најважен и најсериозен момент го сметаат формирањето на својот бренд.
– „Ле бренд“ е нашиот професионален приоритет и единствен ангажман во моментов, на кој планираме целосно да му се посветиме. Не се исклучени соработки и со други брендови во иднина – велат тие.
Зуле живее во Скопје, а Лиле во Битола. Слободното време го користат за да уживаат со своите најмили – Зуле со своите внуци, Лиле со својата двегодишна ќерка.

Колешки од факултет во Софија
Зуле и Лиле се колешки од факултет. Во 2005 година дипломирале моден дизајн на Националната уметничка академија во Софија . По работното искуство во македонските брендови „Кара“ и „Васидора“ решиле да основаат сопствен бренд.
– Подолго време тлееше идејата за основање сопствен бренд. Кога конечно се разгори проектот, воопшто не размислувавме за финансискиот ризик, кој мора да признаеме дека е голем. Единствени нешта што со сигурност ги имавме на почеток, а ги имаме и сега, се мотивација, ентузијазам и храброст – велат тие
При основањето сакале да направат нешто поинакво од тоа што се нуди на нашиот пазар. Реакциите досега се позитивни и охрабрувачки за креаторките.

Ана НЕСТОРОВСКА
Објавено во Дневник на 25.06.2011

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: