Acid Wear: Улична мода со македонски потпис

31 May


Мотивиран од секојдневието на урбаните луѓе, кои имаат интерес за современа музика и екстремни спортови, тимот на македонската етикета Acid Wear 14 години создава автентична улична мода. Јадрото на брендот го сочинуваат Сандра и Зоран Петкови. Велат дека нивните колекции го рефлектираат начинот на живеење на поединците што се чувствуваат младо и сакаат да бидат модерни. Ги следат светските трендови и побарувачката на пазарот.
– Acid Wear го основавме во 1997 година. Започнавме со мал бутик, кој се викаше „Диџеј еквипмент“, во кој продававме главно клупска гардероба, наменета за журки со електронска музика. Денес фокусот ни е поширок. Имаме линии инспирирани од хип-хопот, скејт-културата, транс-сцената. Очекувањата ги надминавме и сега се стремиме кон нови цели -велат Петкови.


Тимската работа е тајната на успехот
Деновиве промовираа нова, пролет-лето 2011 колекција. Линијата е едно ново видување на нивната работа. Поделена е во три дела и е наменета за различни генерации, од тинејџери, па сe` до повозрасна група. Моделите се колоритни со интензивни бои, кои прилегаат за периодот пролет-лето.
– Во оваа линија има многу принтови, од асиметрични до покласични форми во дизајнот, хеланки, несекојдневни здолништа, шалвари и бермуди. Материјалите се пријатни за носење и се адаптирани за секојдневна употреба – вели Сандра, која е задолжена за женската линија.
Нејзиниот сопруг Зоран ја работи машката колекција. Велат дека креативно се надополнуваат. Работата е тимска и тоа е тајната на нивниот успех. Машката и женската линија се развиваат паралелно и еднакво успешно.
Покрај облека, нудат и многу модни додатоци, како чанти, марами, шапки, колани, приврзоци и накит.


Етикета што секогаш има млади клиенти
За нив една од најважните работи е што опстојуваат долги години и што постојано се прифатени од новите генерации.
– Сме соработувале со многу балетски студија, пејачи и водители, но сепак, најважното е што нашата гардероба може да се види пред с` кај младите низ улиците во Македонија. Најредовните клиенти ни се тинејџерите, но моделите ги носат и повозрасни луѓе кои се чувствуваат слободно и имаат млад дух. Креираме за сите што се чувствуваат урбано и модерно. Неодамна наша пријателка ни јави дека познат пејач од италијанска група на аеродром носел фармерки од Acid Wear, што значи дека нашата етикета е присутна и пошироко – велат тие.
Нивните креации можат да се најдат во три продажбени салони во Скопје, а има опција за нарачка и на интернет, со што облеката е достапна секаде во светот. Досега не биле дел од некоја модна недела, но се претставуваат на ревии на клупски и онлајн-настани, концерти, на скејт-натпревари и трки со екстремен дух.


Успешна соработка со Марија од „Т-град“
Креациите на Acid Wear 12 години ги носи авторката на емисијата „Т-град“, Марија Атанасовска.
– Марија ги носи нашите модели од првата сезона на нејзината емисија. Внимаваме гардеробата да одговара на содржината на секое издание на „Т-град“. Концептот на емисијата во целост се совпаѓа со нашата работа, што е една од причините што оваа соработка трае толку години. Како и Марија, и ние сме многу задоволни од фитбекот, од позитивните коментари што ги добиваме по емисиите – велат Сандра и Зоран.Покрај Марија, нивни креации носи и Елизабета Клинчаревска-Младеновска од детската емисија „Пет плус“. Брендот Acid Wear може да се забележи и кај момците од „Суперхикс“, како и кај неколку балетски групи.

Ана Несторовска
фото: Маја Симовска
Објавено во “Дневник” на 21.05.2011


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: