Роденденска изложба на Шекутковска во “Паблик рум”

17 May


Иновативната дизајнерка на накит од плексиглас, Александра Шекутковска, в четврток во “Паблик рум” во Скопје ќе прослави две години од основањето на нејзиното студио Laser Cut Design Laboratory. Мини-јубилејот ќе го одбележи со изложба и промоција на нова колекција на ласерски исечен накит и модни додатоци, насловена како “Една прошетка низ волшебната шума”. Промоцијата опфаќа презентација на модни додатоци, промоција на официјалната фотосесија на колекцијата и прослава на постоењето на ова студио. -Колекцијата зборува за убавината на ласерски исечениот дизајн, за архитектурата и модата кои живеат во него, за играта на полното и празното, за парчето имагинација, за концептот кој патува од мисла, кон накит и кон архитектура. Една прошетка во волшебната шума претставува продолжеток на идејата на земјата на чудата меѓутоа во сосема нов контекст-вели Шекутковска, која е дипломиран инженер архитект.
Ова е нејзина втора самостојна изложба. Досега како дизајнер учествувала на групни презентации како: “Мода за носење”, Моден викенд- Скопје, изработка на накит за брендот “Стилисимо”, Интернационален симпозиум на тема Дизајн во дигиталната ера. Работи како архитект и дизајнер во своето студио.
Изложбата , која се отвора во 20.30 часот, е од продажен карактер.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: