Цветна градина во ормарот

6 May


Оваа година во модата се’ е во знакот на 70-тите. Почнувајќи од формите, изборот на боите, па се’ до дезените.Се вратија ѕвонарките, долгите фустани, карнерите, лелеавите туники, чевлите со висока платформа и меките големи шешири. Хипи-стилот, покрај лежерноста, подразбира и ослободување од опседнатоста со трендовите и потребата да се биде ин, но и поразличен. Цветните дезени, како мала асоцијација за градина на стилот, изгледаат различно на секоја индивидуа, прилагодливи се за секој имиџ и му прилегаат на овој дел од годината. Поголемиот дел од светските брендови и модни креатори за сезоната пролет-лето 2011 промовираа фустани, здолништа и кошули со цветен дезен. Во фокусот на “Долче и Габана”, “Шанел”, H&M, Paul & Joe, Антонио Марас, Алберта Ферети, “Марни” и други, се долгите цветни фустани со разни притнови. Зстапени се модели со ситни цветчиња и крупни примероци, некои се реалистични, некои се со уметнички печат, но сите внесуваат свежина во пролетниот ормар. Боите се инспирирани од тоновите што може да се сретнат во природата.







05/chanel2.jpg”>




Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: