Сара Бартон-новата модна суперѕвезда

4 May


Најдобро чуваната модна тајна, кој ја дизајнира венчаницата на идната сопруга на британскиот престолонаследник, принцот Вилијам, беше откриена во истиот момент кога Кејт Мидлтон (сега Кетрин Војвотката од Кембриџ) во петокот (29.04.) пристигна во Вестминстер Аби. Од под нежниот бел вел излезе името на Сара Бартон, главната дизајнерка на британскиот бренд Александар Меквин.
Иако неколкупати беше најавено дека таа ќе ја потпише венчаницата, двете страни демантираа. Модните критичари отидоа дотаму што објаснуваа зошто Мидлтон, позната по својот елегантен имиџ, не треба да носи раскошен и театрален модел од Меквин. Предупредуваа дека свадбата ќе прерасне во циркус или театар ако невестата се појави во еден од драматичните модели богати со многу слоеви материјал, украси и необични форми. Сепак, се покажа дека најголемата авангарда модна гордост на Британија може да биде напредна и отмена истовремено.

Која е Сара Бартон? Зошто таа ја доби оваа задача? За добрите познавачи на модата таа важи за еден од најголемите модни таленти на денешницата. Дури и највлијателната жена во модниот маркетинг, Елизабет Мусмано, на своето неодамнешно гостување во Скопје изјави дека Сара Бартон е една од двете (покрај Фиби Фајло) креаторки на иднината. Сара има дипломирано на престижната лондонска модна школа “Сент Мартинс”. Уште за време на студиите почнала да стажира како помошничка на Ли Александар Меквин. Во 2000 година, ја направила првата женска колекција во рамките на брендот. Во наредните 10 години беше десна рака на Ли. Иако се развиваше во неговата сенка, таа изгради свој имиџ на авангардна, а одмерена креаторка, што создава уникатни, сложени, но носливи креации. Со право, 36-годишната креаторка, родена во Манчестер лани стана креативен директор на брендот по смртта на генијалниот Меквин. Првата линија како главен дизаjнер ја претстави во септември 2010г. Критиката беше одушевена од кеациите, иако како и од венчаницата за Мидлтон.


Нејзините колеги од рангот на Вера Ванг, Карл Лагерфелд, Каролина Херера, Дона Карен, Дајан вон Фустенберг изјавија дека Бартон завршила одлична работа, создала вистинска венчаница што и’ одговара на една елегантна и модерна принцеза.
-Беше животно искуство да се работи со Кејт Мидлстон, да се создаде нејзината венчаница. Уживав во секој момент од тоа. Огромна чест ми е што побараа од мене да го дизајнирам фустанот, и се гордеам што направивме со тимот од Александар Меквин. Драго ми е што креацијата го претставува најдоброто од британското занаетчиство.Креациите на нашата етикета се микс од контрасти, се обидуваме да создадеме убави и блескави модели. Се надевам дека со спојот на традиционалните материјали и техники за шиење, од една страна, со модерната структура и дизајн од друга страна, создадовме прекрасен фустан за Мидлтон-вели Бартон која скромно вели дека фустанот бил само една мала компонента од убавата венчавка на Принцот Вилијам и Мидлтон. Во нејзина креација беше и сестрата на Кејт, Пипа Мидлтон.
Неколку дена по свадбата пристигнуваат информации дека веќе се направени верни копии на нејзиниот модел (во Кина и во Ирска), но и дека брендот Александар Меквин е најбаран во моментов.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: