Чевли на сезоната

28 Apr

Ова е година на силните бои и на необичните комбинации, а во тоа доста допринесуваат чевлите, чантите и шапките. Во тренд оваа пролет се впечатливи чевли, со многу украси и шари. Во колекциите на поголемиот дел од модните куќи застапени се чевли со впечатливи украси. “Диор” понуди кожни чели со високи потпетици и на дебела платформа. Моделите се со виолетово-портокалова комбинација од ременчиња и се накитени со шарени пердуви, свилена тантела и каменчиња. “Луј Витон” шокира со сандалите со анималистички елементи, каде што потпетицата е во вид на екримитет од животно. Шарата е инспирирана од крзното да дивите животни.
Површината на чевлите од “Прада” се суптилно исплетени со кожени ленти во виолетова, сребрена и розова боја. Мајкл Корс вдахнал елеганција на сандалите за на плажа, прилагодувајќи ги за градски услови. Едни од најуникатните чевли се тие на Мери Катрантзу, со висока платформа, чиј заден дел е бојадисан во црвено, а предниот во светла-песок нијанса и со коланче во таа боја. За висока платформа се одлучиле и “Шанел” и “Д& Г”, со тоа што Карл Лагерфелд вметнал дрвена подлога комбинираната со кадифен материјал, а Долче и Габана имаат класичен модел инспириран од 70-тите со испреплетена сламена површина украсена со цветови. Флорални елементи има и кај моделите на “Унгаро”. Високите потпетици се прекриени со црна тантела и извезени со ситно цвеќе. “Ив Сен Лоран”, пак, моделите со висока платформа ги направи во златна боја и со шилест завршеток кај петата. Елегантни варијатни се тие на “Фенди” и на “Селин”. Првите се со дебела дрвена потпетица и со платнени ленти во јаки бои, но ја задржуваат нежноста на стапалото, а вторите, класичната висока потпетица ја украсиле со метален додаток.



Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: