Урбан накит инспириран од природата

4 Apr


Иако навидум е тивка и смирена, во охриѓанката Јасмина Главинчевска се крие темпераментна креативка. Стана препознатлива по накитот и украсите од мониста, направени во форма на животните и инсекти – кои редовно ги промовира на базарите за ракотворби. Но, на последниот осмомартовски базар во Скопје се претстави со нови материјали и форми.
– Мојот креативен порив ми налага постојано да истражувам и експериментирам со нови, различни материјали и техники. Во однос на минатата година опусот на производи е зголемен за најмалку пет пати. Сега изработувам и накит од плексиглас, кожа, жица; сувенири; магнети од цртано стакло, плексиглас и дрво; слики од жица и часовници од винил – вели Главинчевска, која е дипломиран археолог.
Се разликува по урбаните мотиви, црпени од секојдневието. Во нејзиниот опус застапени се архитектонски зданија од Скопје и Охрид, велосипеди, музички инструменти, шолја кафе, но и мотиви од природата. Интересот за нејзините креации е најголема личност со модерен стил на облекување.



Плексигласот – нов предизвик
Внимание предизвикуваат нејзините брошови и обетки од плексиглас. Таа пронашла голем предизвик во овој материјал.
– Сметам дека секој дизајнер сака да ги испроба можностите што ги нуди ласерската технологија. Во еден момент имав можност да изведам свој дизајн од плексиглас, кога сфатив дека крајниот производ има голема прецизност, што не ме остави рамнодушна. Единствено нешто што ме спречува да продолжам да работам со овој медиум е еколошката свест. Во иднина ќе се потрудам да создавам накит од рециклирани материјали или од материјали што лесно се преработуваат – вели таа.
Покрај накит изработува и сувенири, магнети и часовници со симболите на Скопје и на Охрид, кои се интересни за туристите.
– Во изработката на сувенирите гледам тесна врска со мојата професија – археологија. Кога работам на реплика на артефакт, пронајден во нашата почва, се поистоветувам со креаторот на оригиналното дело. Во тој момент, како да се враќам во минатото и го сфаќам животот на нашите предци – вели таа.





Ориентација во урбаната џунгла
Природата отсекогаш & била инспирација. Вели дека секоја нејзина творба, ја плени со својата убавина и мистичност.
– Само урбаното останува да опстане како вид реалност, а природата с` повеќе се претвора во сон, копнеж, имагинација. Во моите дизајни правам спој на двете, се борам да не се изгубам во оваа „урбана џунгла“, но и да потсетам за заборавените вредности на мајката природата, од која с` повеќе се оддалечуваме. Искрено им завидувам на праисториските заедници што биле едно со природата. Потајно посакувам да живеев во тие времиња – вели таа.
Работи на неколку проекти. Креира производ за деца, во соработка со наш голем бренд, кој ќе биде за масовна потрошувачка. Работи и како сценограф на филм и паралелно соработува со музеите. Во завршна фаза е и со курсот за рачна изработка на еколошка хартија и нејзина декоративна примена.


Танц со кожените ленти
Во последно време истражува на тема виткана кожа. Приказната почнала откога за подарок добила ѓердан од кожа.
– Мојот прадедо бил кожар. Сигурно во мене потајно тлеела желбата да се продолжи семејната традиција. Само што во неа вметнав една современа димензија. Го почнав својот „танц со кожените ленти“, кои ги нареков „ротолини“ – вели таа.
Моделите се статични, но истовремено пленат со својата динамичност, вибрациите, играта на формите. Потсетуваат на оп-артот (оптичката уметност). Круговите и спиралите, како најсовршени форми, се симбол, за цикличноста на животот.

Ана НЕСТОРОВСКА
Дневник” 02.04.2011

One Response to “Урбан накит инспириран од природата”

  1. bile Мај 15, 2011 at 10:57 pm #

    kade moze da se kupi nesto od ova????

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: