Милошевска со прва изложба на филиграни во КИЦ

31 Mar

Дизајнерката на филиграни Марија Милошевска, вечерва во 20 часот, ќе ги изложи своите дела во Културно-информативниот центар – Скопје. “Оророк-ладна жица стопена во жежок ритам” е прва самостојна изложба на Милошевска, а воедно е и прва од ваков вид во Македонија. Со овој проект креаторката на накит ги сублимира делата од своето петгодишно творештво, кое се движи околу нејзината основна инспирација – југословенската рокенрол-музика (“Азра”, “Хаустор”, ЕКВ и “Мизар”). Изложбата претставува приказ на уникатни примероци на накит и инсталации изработени во комбинација од традиционален филигран и нови иновативни техники на филигранска изработка. Секој од експонатите е поврзан со одредени стихови од песна и претставува нивно материјализирање преку автентично творештво. Посебноста на оваа изложба, покрај уникатноста на авторскиот израз, ја дополнуваат и фотографиите испечатени на големи сликарски платна, на кои експонатите се презентирани од авторите и изведувачите на музиката и во контекст на нивните дела.
Милошевска е дипломиран етнолог. Својата љубов кон традицијата и народната култура по завршувањето на студиите ја посвети на изучувањето на филигранскиот занает. Изминативе пет години ја води својата “Оро работилница” во рамките на која има учествувано на повеќе групни изложби. Ова е нејзиното прво претставување во концептуална форма. Изложбата ќе биде отворена во КИЦ до 12 април.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: