Мода низ очите на дете

27 Mar


Со љубопитство на научник, фантазија на дете и со искуство на светски патник, македонскиот моден креатор Ристо Бимбилоски 15 години гради успешна интернационална кариера. Овој едноставен човек, кој приватно е скромен, но е строг перфекционист кога станува збор за работата, завчера со ревија го отвори третото издание на Модниот викенд -Скопје. Ова е прво негово претставување во Скопје. Ја промовира својата колекција пред есен 2011, која досега ја има покажано само пред клиенти во Њујорк. Вели дека подготовките зад сцената на Модниот викенд биле тешки, но забавни.
– Задоволен сум како излезе шоуто. Пред ревија знам да сум негативен, остар и да барам совршенство, но ако тоа не е се бара, нема да се добие добар резултат – вели Бимбилоски, кој работи и живее во Париз, но често доаѓа во својот роден Охрид.

Омаж на гранџ-стилот
Приказните во неговите колекции најчесто почнуваат од отпечатоците. Како и во претходната линија есен-зима 2011, и во оваа моделите се засновани на животински шари. Направил зголемена пропорција на кристали, испечатени врз кожа.
– Сите отпечатоци се со зголемени форми бидејќи сакав моделите да изгледаат како да се видени низ очи на дете, кога с` изгледа преувеличено – и во убавината и во стравот. Имав потреба да се вратам на своите корени во Македонија, кога имав 17-18 години и кога беше актуелен гранџ-стилот. Направив мал омаж на атмосферата, музиката и модата од тоа време – објаснува дизајнерот.
Вели дека за да се занимаваш со ваква применета уметност, треба да имаш љубопитност и потреба за искажување. Кај него таа не згаснува, иако вели дека понекогаш се чувствува уморно и исцрпено.
– Секоја колекција ми тргнува од она што не го сакам, од конфликтот што го имам во себе, како и секој човек. Ако работите течат во најдобар ред, верувам дека со моден дизајн ќе се занимавам и во наредните 10 години – вели тој.

Ѕвезди во ѕвездени креации
Минатиот месец имаше успешна ревија на Модната недела во Њујорк за која доби многу позитивни критики. По претставувањето во Скопје батериите ќе ги полни на некоја од македонските планини, како што вели без интернет и мобилен телефон.
– Веќе имам собрано доволно енергија и инспирација за новата колекција за пролет-лето 2012, која ја почнав во Париз пред да дојдам во Скопје.
Иако себеси создавам притисок дали ќе го фатам вистинскиот тренд, но преку искуство, инерција и талент сум докажал дека имам чувство што сака да носи една современа жена. Интересно е што прв почнав да ги употребувам ѕвездените мотиви, ама Кристофер Кејн ја доби сета слава. Но, сето тоа е прашање на политика – вели Бимбилоски, чии креации имаат носено музичарката Кортни Кокс, поп-ѕвездата Кети Пери и влијателната 13-годишна блогерка Тави Гевинсон. Неодамна во негов фустан се појави и Каролина Гочева.

Препознатлив по плетеното и принтовите
Ристо Бимбилоски е еден од најеминентните македонски дизајнери, кој стекна интернационала популарност со своите колекции базирани на плетени и модели со мотиви од геометријата и вселената. Тој е на постојана релација Њујорк-Париз-Охрид. Во неговата биографија се запишани работата на машка плетена колекција за светски познатиот бренд „Луј Витон“
Во почетоците на неговите презентации на модната недела во Њујорк добил помош од славниот дизајнер Марк Џејкобс.

Ана Несторовска
( Дневник, 25.02.2011)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: