Почнува Модниот викенд-Скопје

23 Mar


Со ревиите на македонскиот дизајнер со светска кариера – Ристо Бимбилоски и новата модна етикета Ludus Loves Fashion , вечерва во 20 часот, во Скопската стара чаршија ќе биде отворено третото издание на Модниот викенд-Скопје. На модната недела, која ќе трае пет дена, ќе бидат прикажани стајлинзи, фотографии и колекции за сезоната пролет-лето 2011. Организаторот „Модна недела корпорација“ за утре во 23 часот најавува модна забава во клубот „Парадизо“. На агендата в петок во ТЦ „Рамстор“ во 21 часот е изложбата на фотографии Must have: Трендови пролет-лето 2011 изработени по концепт на влијателни модни новинари од македонските дневни весници и магазини. Тие ќе се претстават и со групна ревија на која ќе ги прикажат своите предлози за изгледот оваа сезона.
Во сабота во „Пентхаус“ во бизнис-центарот „Соравија“ со почеток во 19 часот ќе се одржат ревиите на „Кокев-Кадриу“, Олгица Ѓоргиева и заедничка презентација на младите дизајнери Елена Спасовска, Емилија Тасевска и Роберт Ивановски. Ден подоцна, во истиот простор, во 18 часот, на програмата се студентите по моден дизајн на Европскиот универзитет, по што следуваат ревиите на стилистката Љупка Арсовска и на креаторката Александра Митковска.
Младиот бренд Ludus Loves Fashion вечерва во „Пале“ ќе ја презентира својата втора колекција, инспирирана од чувствата и од различните емотивни состојби кај жената. Моделите, кои се навраќање кон 60-тите, 70-тите и раните 90-ти години од минатиот век се во сина и црна боја освежени со портокалова и виолетова.
Бимбилоски, кој живее и работи на релација Охрид- Њујорк-Париз, вечерва ексклузивно за македонската публика ќе ја претстави својата есенска колекција за 2011 и 2012 година.
(Дневник 23.03.2011)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: