Ревија на Костадинов во „Мала станица“

24 Feb

Македонскиот креатор Илија Костадинов, што работи во Загреб, вечерва во 20 часот со ревија ќе ја промовира својата нова колекција во „Мала станица“ во Скопје. Линијата е наречена „Марго“ и е за сезоната есен-зима 2011-2012. Содржи 15-тина модели рачно изработени, со плетење и со хеклање. Застапени се фустани, блузи,мантили и панталони сите во црна боја. Има и модни додатоци, чанти, шапки -исто рачно изработени.
Тој се одлучил за црната боја поради нејзиното смирувачко дејство. По ревијата во „Мала станица“ колекцијата ќе ја престави на Модната недела во Белград, во април, а тоа ќе има ревија и во Софија.
Костадинов е еден од нашите најактивни модни дизајнери, кој повеќе години живее и работи надвор од Македонија. Негови модели се видени на модните недели во сите земји во регионот, а се претставил и во Виена, Париз и во Лондон.


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: