Бимбилоски промовира нова колекција во Њујорк

22 Feb


Доследен на својот стил на дизајнирање, со употреба на графички принтови и на плетива, македонскиот моден креатор Ристо Бимбилоски на 15 февруари ја претстави својата нова колекција  на Модната недела во Њујорк. Дизајнерот, кој живее и работи на релација Њујорк-Париз-Охрид, доби пофални зборови од модните критичари и блогери. Линијата есен-зима 2011 содржи плетени фустани, блузи и туники, здолништа, палта, капути, мантили и бермуди. Големо внимание предизвика шарата „бамби“ во светлокафена и бела боја. Застапена е на долгите кафтан-кошули, фустани, елечиња и комбинезони. Интересни се моделите со набрана текстура. Умешно се комбинирани големи плетени џемпери со долги и куси здолништа, како и кратки црни фустани со високи чорапи. Во основата на сите модели застапена е црната боја, а има парчиња и во бела, беж, црвена и сива боја. Креаторот прави спој на класиката со модерни парчиња, обединувајќи го лежерното со елеганцијата.
Бимбилоски редовно одржува ревии во Њујорк. Неговите колекции наидуваат на добар прием од купувачите и критиката. Креации од нашиот дизајнер имаат носено пејачката Кети Пери, музичарката Кортни Лав и познатата 13-годишна блогерка Тави Гевинсон.

(Дневник, 18.02.2011)















Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: