Блогерот што ја промени модната фотографија

28 Jan


Кога ќе го слушнете името Скот Шуман веројатно многумина од вас ќе помислат дека станува збор за некој композитор или режисер. Кога ќе погледнете како изгледа, пак, можеби ќе ви заличи на некој фудбалер од англиската лига или рагбист. Ретко кој би претпоставил дека зад ова име и овој лик се крие еден од највлијателните луѓе на денешницата во модната индустрија -блогерот познат под псевдонимот Сарторијалист. Се смета за човекот што ја промени историјата на модната фотографија. Од модните магазини ова дејност ја пресели во блогосферата. Иако првично тргнал со идеја да најде по улиците поединци со интересни креации од познати креатори, сега славните дизајнери кликаат на неговиот блог да најдат инспирација за своите следни колекции. Го сврте фокусот кон стилот на обичните луѓе, потврдувајќи го правилото дека модата се создава на улиците.
Блогот The Sartorialist е основан во 2005 година во Њујорк, откако Шуман дал отказ на работно место како моден продавач, за да се грижи за својата ќерка. Низ њујоршките улици секаде со себе го носел својот фотоапарат и повремено ловел луѓе со интересен аутфит. Повпечатливите фотографии почнал да ги објавува на блогот, а по потреба на некои пишувал коментар. По ова се е историја. Блогот стекна милиони следбеници ширум светот. Со својот фотообјектив има уловено луѓе со интересен моден стил во Њујорк, Париз, Лондон, Фиренца, Милано, и секаде каде што има интересни модни настани. На неговиот блог се нашле луѓе од различни профили, од славни личности, се до обични граѓани со уникатен имиџ. Открива дека инспирација за да почне да се занимава со фотографирање на улична мода му била фотката со човек на празна улица снимена од германскиот фотограф Август Сандер. Во меѓувреме доби понуди за соработка од некои од највлијателните модни медиуми, како сајтот style.com, повремено работи и со Saks Fifth Avenue, а поранешната главна уредничка на француски Vogue, Карин Ројтфилд.
Во 2009 година издаде книга наречена The Sartorialist со најинтересните фотографии постирани на блогот. Во продолжение е едно од неговите понови интервјуа во кое вели дека ловот на интересни стилови е како да си дозволиш да се вљубиш по малку секој ден…да си дозволиш да бидеш заведен секој ден… Интересен е подарокот дека е во врска со француската фотографка и блогерка , Garance Doré, со која важат за највлијателната блогерска двојка.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: