Изложба на македонски и холандски дизајнери

26 Jan

by Tina Goseva

Свеж, нов и иновативен дизајн на македонски и на холандски креативци ќе биде претставен на изложбата “Постојни достигања – дом и мода” што ќе биде отворена на вечерва во 19 часот во Музејот на Македонија во Скопје. На дизајн-изложбата, чиј куратор е Ана Франговска, ќе се претстават нашите креатори на облека и на накит: Росица Мршиќ, Гордана Вренцоска, Александра Шекутковска, Тина Гошева, Мима Пејоска и Андреј Бартлинг и на гостите од Холандија: Саша Ланој, Крис Слатер, Кристел Хофманс, Ремко Сварт, Марике Ронген, Мартајн Хоман, Бертус Росиер и Каат Шулте. Настанот е во организација на “Јавна соба”, во соработка со Stihting Cultural Aid од Холандија. Авторите се изразуваат во разни дисциплини на дизајнот, од накит преку внатрешен дизајн до модно креирање и слично. Претставувајќи естетски, оригинални, но истовремено и функционални дела, овој проект има за цел да ја подигне свеста кај македонската публика за вистинските вредности, како и да стимулира размена на искуства и знаење меѓу холандските и македонските дизајнери.
Кураторката вели дека “предложениот избор треба да се разбере како актуелна ‘понуда’ на најинтересните, најрелевантните, најактуелни достигања во дизајнот на овие две сцени, со можност за споредба и процена на достигањата”. Постановката, што ќе трае до 15 март, ќе ја отвори амбасадорката на Кралството Холандија, Симоне Филипини.

by Sacha Lannoye

by Chris Slutter

by Mima Pejoska

by Andrej Bartling

by: Aleksandra Shekutkovska

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: