Раскажувачка на бунтовни и иронични модни приказни

24 Jan

by Gjorgji Ristoski

Александра Јовановска, една од најталентираните млади креаторки, преку своите модели зборува за забранетите нешта во општеството, за предрасудите, како и за несекојдневните појави

Ана НЕСТОРОВСКА
објавено во Дневник на 22.01.2011

Бунтовни, со многу хумор и иронија се приказните што ги раскажуваат креациите на една од најталентираните модни креаторки кај нас – Александра Јовановска. Преку своите модели зборува за забранетите нешта во општеството, за предрасудите, како и за несекојдневните појави. Оттука, нејзините колекции се наменети и за таков тип луѓе – урбани, со млад дух, кои ги живеат своите соништа и околу себе создаваат приказни.
Јовановска има дипломирано на „Академија Италијана“ во Скопје, а сега е втора година на постдипломски студии по моден дизајн на Европскиот универзитет. Со уметноста и со дизајн на костими почнала да се запознава во средно училиште (обликување текстил и облека во ДСУ „Лазар Личеновски“). Покрај часовите по мода, има посетувано и курсеви за цртање и за сликање.
– Засега сакам во Македонија да го изнесувам својот моден став, да експериментирам со формите и со текстурите на облеката. Постојано сакам да откривам нови начини на создавање облека. Ми се допаѓаат рециклирањето, рачните доработки на материјалите и целосното уништување на првобитниот облик со трансформирање во комплетно нов материјал – вели креаторката, која потекнува од Тетово.

by: Gjorgji Ristoski

Предизвик – тимската работа
За време на студирањето имаше можност да ~ се претстави на нашата јавност на групните годишни претставувања и на модните недели во Скопје. На една од ревиите во Фиренца, Италија, каде што понуди креации инспирирани од Александар Македонски, доби и награда за најдобар студент на „Академија Италијана“.
– Учеството на ревиите за време на студиите, а посебно тие во Фиренца, беа убаво искуство. Ме охрабрија да продолжам понатаму, повеќе да се ангажирам околу создавањето колекции, како и да размислувам за самостојна кариера. Предизвик ми е и тимската работа. Во Македонија ретко се случува група дизајнери да направат заедничка колекција. Таквиот начин на работа може да биде многу интересен – различни дизајнерски ставови да градат една приказна, која може да биде многу моќна – вели Јовановска.
Досега професионално има учествувано само на локални модни настани, а соработува и со аренби-пејачката Магдалена Цветковска. Таа е задолжена за стајлингот на музичарката во нејзиниот нов видеоспот.
Посебно се гордее на својата дипломската колекција, како и на севкупната презентација за истата, но и на соработката со нејзиниот професор и ментор Никола Ефтимов. Има реализирано четири колекции, од кои последната е Hystery Mystery. Вели дека не може да изброи колку точно креации создала досега бидејќи постојано креира нешто ново, експериментира со формите и материјалите, како во облеката така и во модните додатоци.

by Gjorgji Ristoski

Подготовка на магистерска колекција
Покрај создавањето модни парчиња, го сака и сликањето. Посебно уживање и’ преставува илустрирањето модни и историски костими.
Во моментов го подготвува својот магистерски труд под менторство на Ефтимов.
– Наскоро, освен магистерската колекција во која ќе има и машки и женски креации, ќе реализирам и линија на модни додатоци, исто така за двата пола – вели таа.
Во иднина сака да создава колекции што ќе влијаат за промена на „искривените погледи за досегашната модна сцена“. Како и секој млад и амбициозен дизајнер, и таа посакува меѓународна кариера.

by Gjorgji Ristoski

Инспирирана од „Пеколен портокал“
Деновиве направи фотосесија со фотографот Ѓорѓи Ристоски каде што како модел се јавува Драгана Благојевиќ.
– Сесијата е за мини-колекцијата Hystery-Mystery, инспирирана од филмот „Пеколен портокал“, како и од браќата-скулптури Џејк и Динос Чапмен. Во колекцијата забележливи се рачно насликаните елементи, односно портретот на Бетовен, како и доработките во самата текстура на материјалите. Креациите се заокружени со разни додатоци: чанти, капи и високи патчворк-чорапи.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: