Блогерка креира за H&M

15 Jan

Познатиот шведскиот моден бренд H&М ќе лансира колекција дизајнирана од модната блогерка Елин Клинг. Етикетата, која досега има соработувано со повеќе славни личности и модни креатори, како поп-иконата Мадона, се одлучи на овој чекор поради популарноста и влијанието што сега го имаат модните блогери во модната индустрија. Ја избрале Клинг бидејќи е најпознатата стил-блогерка што доаѓа од Шведска.
– Како една од најзначајните модни личности на Скандинавија, Елин одлично се вклопува во нашата таргет-група – изјави маркетинг-менаџерката на H&М, Софија Јегерборн.
Клинг создаде мини-колекција што содржи девет модни парчиња и неколку додатоци што ќе бидат промовирани на 3 февруари.
– Колекцијата е минималистичка и со строги линии, но со јасни боемски елементи, нешто што добро го одразува мојот личен стил – изјави блогерката.
Клин е модерна девојка, со интересен стил, која секојдневно ги споделува своите шаренолики модни идеи на нејзиниот блог Стајл бај Клинг .
Веста за овој историски чекор на една од најносените модни марки да најми личност од блогосферата да дизајнира облека, беше дочекана со одушевување на социјалните мрежи и од модните блогери.
Hennes & Mauritz е број два модна компанија во Европа, која во ноември пријави пораст од 17 отсто на вкупната продажба во сите земји каде што има синџир продавници.
(објавено во Дневник на 15.01.2011 )


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: