Успешно модно деби на Каран во Мајами

10 Jan


Ана Несторовска
објавено во  Дневник на 08.01.2010

Изминатата, 2010, година беше една од најуспешните за нашата модна креаторка Билјана Каран. Со својата колекција пролет-лето ја отвори Модната недела во Битола, по што следеше интензивен обид да се пробие на американскиот и на европскиот пазар. Нејзини креации веќе се претставени во Италија и во Франција, а некои се продаваат во бутици во Падова. Неодамна се врати од САД, каде што по приватната посета на Модната недела во Њујорк, замина во Мајами Бич. Таму, за време на Мајами фешн вик се претстави со свои креации, во соработка со дизајнерот на накит Фабиен Бабоун. По ревијата моделите ги понуди на неколку приватни модни настани, од изложбен и продажбен карактер.
– Промовирањето на вториот ден од Модната недела во Мајами беше мое деби на таа сцена. Ревијата се одржа во престижниот „Маркис“, каде што се претставив пред одбрани гости, по што следеше коктел-забава. Остварив значајни контакти со некои потенцијални клиенти и добив покана повторно да се претставам во наредната сезона. Се надевам дека ќе бидам во можност да учествувам.
На ревијата понуди избор од 20 модели од двете нејзини последни колекции. Креациите се изработени претежно од свила, во комбинација на тантела и други додатоци, во форма на камчиња и везови.
Настанот беше во организација на поголем тим што ги задоволил барањата на Каран и на Бабоун, под покровителство на „Маркис“ и фондацијата „Хаити“. Собраните средства беа наменети за настраданите од земјотресот на Хаити.
Вели дека промоцијата во Америка е огромно искуство и привилегија за неа.
– Интересот за креациите беше голем, што е особено битно за развојот на мојата натамошна кариера. Моментно работам на новата колекција, за која се надевам дека ќе имам можност да ја презентирам на Модната недела во Њујорк или, пак, на таа во Милано – вели Каран.
Љубителите на нејзиниот дизајн може да ги најдат креациите во нејзиното ателје „Касен ами“ во близина на „Скопјанка“. Иако с` уште е рано, таа се надева дека новата колекција ќе ја претстави со ревија во Македонија. Моделите на Каран веќе се продаваат на онлајн-продавници во САД и Европа. Кон крајот на 2010 тие се понудени на http://www.wardrobeavenue.com и http://www.usatrendy.com каде што илјадници дизајнерски имиња од целиот свет ги продаваат своите креации.

Одушевена од Модната недела во Њујорк
Пред презентацијата во Мајами, Билјана ја посети Модната недела во Њујорк.
– Успеав да видам неколку навистина интересни ревии во њујоршкиот Линколн-центар, каде што се одржа модната недела. Самото присуство на една манифестација од ваков тип, каде што целиот светски џет-сет нетрпеливо ги очекува најновите колекции на најдоброто од најдобрите е големо искуство. Потоа многу полесно ќе се справите со предизвикот на организирање сопствена ревија во една од најмонденските локации на светот – Мајами – вели таа.


Фотосесија на плажа со Мартина Тасевска
Колекцијата на Каран ја фотографира младиот и успешен автор Осирис Рамирес, кој живее и работи во Њујорк, Мајами и Лос Анџелес. На дел од фотографиите, снимени на убавите плажи во Мајами, се појавува манекенка со македонско потекло, Мартина Тасевска.
– Мартина четири години успешно работи како модел на Мајами Бич. Соработката ја планиравме подолго време. Со Рамирез, пак, се запознав на неговата неодамнешна изложба во Мајами. Работата со него беше на највисоко ниво. Само во Америка може да го разберете вистинското значење на зборот посветеност, сите мои соработници, пријатели и колеги, што имав можност да ги запознаам таму беа апсолутно и безусловно посветени на тоа што одлучиле да го прават. Импресивно! – вели таа.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: