Македонскиот филигран блеска во Берлин

3 Jan
Mima Pejoska1

Mima Pejoska/ photo by Katja Shtrkova

Ана Несторовска

објавено на 18.12.2010 во Дневник

Маѓепсана од флексибилноста и од неограничените можности на филигран-техниката, скопјанката Мима Пејоска пет години создава уникатен накит и украси. Препознатлива е по своите иновативни, несекојдневни дизајни во вид на минијатурни шапки, комплети за готвење и за јадење, фризерски елементи, тропалка за бебе, луѓе во различни ситуации… и многу асиметрични модели. Умешно го комбинира среброто со други материјали. Почнала со едноставни приврзоци и обетки, а денеска веќе може да се пофали со палета од сложени парчиња, што не само што изгледаат необично, туку и се носат на поинаков начин. На пример, има направено околушица, прстени за три прста, ѓердани што се аплицираат на самата облека, накит за глава и друго.

– Речиси со затворени очи и со отворен ум, без многу размислување им се препуштам на собраните емоции, кои немирно сакаат да се претворат во некое парче накит. Мојот стил на работа отсекогаш бил резултат на акумулација на дневната култура, мисли, луѓе и настани што го опкружуваат мојот живот, а модните трендови никогаш немале посебно влијание врз мојата работа – вели Пејоска.

Mima Pejoska

Mima Pejoska; photo by Katja Shtrkova

Изминативе два месеца таа престојува во еден од најголемите културни центри во Европа, Берлин, каде што замина со намера да ја запознае тамошната дизајнерска сцена.

– Дел сум од т.н. Отворен дизајнерски град. Дојдов за да дадам дел од себе, но и да земам со себе дел од овој град. Подготвена сум да пронајдам, научам, работам и да искусам с` што овозможува ова место. Задоволна сум од досегашниот престој и не планирам брзо да се вратам во Скопје. Тука има премногу да се види – вели таа.

Мима интензивно твори и за време на престојот во Германија направи колекција наречена „Берлински стил“. Вели дека таму креирањето тече во малку поинаква насока и ~ се допаѓа таа промена.

– Работам со многу необични, креативни луѓе, во уметничка заедница Отворен дизајнерски град (Open Design City). Ова место е совршен спој на сите дизајнерски бранши, каде што покрај индивидуалното творештво учествуваме и на разни заеднички работилници – вели таа.

За неколку дена првпат во Берлин ќе ги претстави јавно своите креации, на еден многу познат дизајнерски маркет -“Тренд мафија“. Пејоска очекува да има голем интерес и посетеност, пред сe` поради големата шопинг-еуфорија во Германија околу божикните празници.

– Работам филигран со иста љубов и пасија сиве овие години. Мислам дека е одличен медиум за израз на мојата креативност, а токму тоа и бил отсекогаш мојот мотив, да бидам доследна на својата инспирација – вели таа на крајот.

Mima Pejoska

Mima Pejoska; photo by Katja Shtrkova

Мултифункционални украси

Пред да замине во Берлин таа промовира две помали колекции: „Коктел шапки“ и Drops Of Easy-Going Magic. Инспирацијата за првата ја добила од една енциклопедија за модни додатоци. Одушевувајќи им се на многубројните варијации на шапки од минатиот век, решила да ги преточи во сребро. Ги намалила димензиите, но им ја задржала оригиналната форма. Другата колекција исто така е со додатоци за коса и за глава, но многу понеобични и неконвенционални за носење. Карактеристично за оваа линија е што парчињата имаа двојна функција: накитот за глава може да се носи и како ѓердан и како брош.

 

Mima Pejoska

Photo by Biljana Kovacevska

Mima Pejoska

Photo by Biljana Kovacevska

Mima Pejoska

Photo by Biljana Kovacevska

Пет години филигранска магија

Дваесет и шестгодишната Мима има дипломирано етнологија и антропологија на Филозофскиот факултет во Скопје, на тема поврзана со филигранството. Се запишала на интензивен курс за основи на филигранската техника, а потоа била и на шестмесечна специјализација на златарски техники во Италија. Своите први парчиња ги изработила во 2005 година. Досега се има претставено на неколку групни изложби во Скопје, поврзани со накит и со мода. Учествувала на симпозиум за накит во Турција, на Биеналето на млади уметници во Скопје, во проектот „Мода за носење“, а последна јавна промоција ~ беше во рамките на Бела ноќ, на изложбата „Уметност во минијатури“.

 

Mima Pejoska

photo by Ekaterina Ushakova

Mima Pejoska

photo by Ekaterina Ushakova
Mima Pejoska

photo by Ekaterina Ushakova

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: