Креации од Мршиќ во Виена

3 Jan

Rosica MrsikПо промоциите во Скопје, Софија и во Дубаи, познатата модна дизајнерка Росица Мршиќ од неодамна ги презентира своите колекции и во концептуална продавница во Виена. Нејзината последна линија се најде во австрискиот продажбен простор “Остформ”, во кој се нудат модели од познати дизајнерски имиња од различни земји, вклучувајќи и модни додатоци и се организираат промоции на уметници.
– Соработката настана сосема случајно, иако јас веќе некое време работам на промовирање на мојата работа надвор од нашите граници. Во моментов сум во преговори со концептуална продавница и од Белград-вели Мршиќ. Нејзините модели покрај тоа што може да се најадат во нејзиното ателје и во концептуалната продавница “Лудус” во Скопје, извесен период се изложени и во Софија, во “Иван Асен 22 концепт стор”, именуван според истоимената улица на која се наоѓа. Воден е од модна креаторка од Бугарија, а работат на промоции на дизајнерски брендови.
Од пред извесно време соработува и со концептуалната продавница “О” од Дубаи, во која се нудат разни дизајнерски парчиња од целиот свет.
– Иако немав големи очекувања во однос на продажбата, зашто е потребно време за да се запознае одреден пазар – задоволна сум од досегашните резултати. Има голем интерес за моите креации, на клиентите им се допаѓаат и веќе голем дел од колекциите се распродадени – вели таа.

Rosica Mrsik

Rosica Mrshik

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: