Женска елеганција инспирирана од машката мода

8 Dec

Ана Несторовска
објавено во “Викенд”, “Дневник” на 04. 12. 2010


Инспирирана од машката мода, младата креаторка Марија Мисајлевска ја создала својата прва самостојна колекција есен-зима 2010. Дваесет и тригодишната кичевка тргнала од фактот дека машките кроеви, кои претрпеле помали промени низ историјата, стануваат с pointeresni za `enite. S почесто припадничките на понежниот пол носат машки парчиња облека, но модифицирана, адаптирана на нивното тело.
– За изработка на колекцијата го разработив и го трансформирав машкиот крој, приспособувајќи го на женското тело. Колекцијата е наменета за смели и урбани жени со цврст карактер – вели Мисајлевска.
Колекцијата се состои од 12 вида модели, со фустани, панталони, здолништа, кошули, корсет-кошули, блузи, блуза-кошула и комбинезон. Застапени се црната и белата боја, нијанса на темносива, комбинирани со две пастелни бои на сина и портокалова.
– Користев памучни материјали во комбинација на кепер. Низ колекцијата се провлекува и рачно изработена тантела од свилен конец. Има и модни додатоци како ѓердани, беџови и чанти изработени од рециклирана стара хартија – вели таа.

МОДНО СТУДИО ВО КИЧЕВО
Неодамна го отвори своето модно студио во Кичево, каде што ја презентира својата колекција, која веќе е во продажба. Заштитно лице на моделите е манекенката Јована \еоргиева, за која Марија вели дека совршено се вклопува во атмосферата на колекцијата.
Открива дека отсекогаш ја интересирале модата, уметноста и креативноста.
– Отсекогаш сум го забележувала добриот изглед. Постепено почнав да се интересирам за дизајнот. Самата правев истражувања, цртав, изработував модни додатоци… Сето тоа ме исполнуваше – вели таа.
По завршувањето на општата гимназија во Кичево се запишала на државниот бугарски факултет “Неофит Рилски” во Благоевград. По две години студирање во Бугарија, решила да се врати во Македонија, каде што дипломира на “Академија Италијана” во Скопје.
– Огромна чест и задоволство ми претставуваше тоа што имав можност за модниот дизајн да учам од македонските креатори Никола Ефтимов и од Росица Мршиќ. И покрај нивната неуморна и успешна работа, со искуството и знаењето што ни го пренесуваа н podgotvija za profesionalna rabota vo modniot svet – veli Marija.

ПЕРФЕКЦИОНИСТ И МИНИМАЛИСТ
Досега, кај нас, се има претставено само преку групни ревии, а трипати самостојно во Бугарија. Вели дека приемот на овие ревии ја охрабрил да почне самостојна кариера. Смета дека има можност да изгради кариера во Македонија, но се надева дека во иднина ќе имам можност и пошироко да ги претстави моите колекции.
– Засега останувам на македонската модна сцена, покажувајќи го својот став пред публиката. Се уште е рано да го дефинирам својот стил на дизајнирање. Јас сум голем перфекционист и минималист. Го сакам беспрекорното совршено и прецизно работење. Не мирувам во мојата работа, постојано барам нови предизвици – вели таа.
Покрај обврските околу модниот дизајн, времето му го посветува и на својот едногодишен син Дамјан.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: