Милитаристички креации за ексцентрични девојки

2 Dec

by: Ана Несторовска
објавено на 01.12.2010 во “Дневник”

Машкиот воен костум, стилизиран и приспособен на женското тело и на  актуелните трендови е во сржта на новата колекцијата на младата македонска креаторка Теа Пупкова, која завчера со перформанс се претстави во Културниот центар ЦК во Скопје. Дизајнерката што живее и работи во Прага, за проектот „Шепотот на невидливиот војник“ била инспирирана од генералот Михаил Иларионович – Кутузов и неговата војска, од делото „Војна и мир“ на Лев Толстој. Милитаристичкиот стил го превела на свој специфичен моден начин, држејќи се до строгите линии на историскиот воен костум. Застапени се фустани, панталони, шорцови, кошули и палта, направени од природни материјали: памук, кепер, волна и памучен сетен. Дел се везени, а имаат и воени додатоци, како амблеми и ордени. Моделите во маслинеста, кафена, крем и темноцрвена боја се комплетирани со соодветен накит, чевли и чанти.
– Воениот стил се поклопува со трендовите, но колекцијата има поинтимна конотација бидејќи станува збор за проширена верзија на мојата дипломска работа, поврзана со мојот омилен лик од делото на Толстој. Кутузов ме фасцинира. Тој е инспирација сам по себе, првенствено поради својот нестереотипен, несреден, запуштен имиџ – вели Пупкова.Креациите се наменети за сите модерни и ексцентрични девојки и жени, на возраст од 20 до 35 години, кои се храбри и сакаат да експериментираат со изгледот. Нејзиниот дизајн е специфичен и авангарден.
– Себеси не се доживувам како едноставна личност, па оттука се’ што правам гледам да биде необично. Нормално, секогаш црпам инспирација од одреден стил, историски период, личности или предмети. Но се трудам тоа што го работам да е само по себе уметност – вели таа.
Пупкова во Скопје има завршено средно уметничко училиште, отсек керамика, а дипломирала моден дизајн на Европскиот универзитет. Школувањето го продолжила во Прага на магистерски студии по графички дизајн и по бизнис-маркетинг менаџмент на Универзитетот „Тифин“. Ова е нејзина прва самостојна ревија во Македонија. Досега била дел од повеќе групни изложби во рамките на студиите, а се претставила и во Прага, Брно, Милано и во Фиренца.Сега живее во Чешка, каде што е ангажирана како моден и графички дизајнер. Има своја фирма, наречена Defected Green, и работи на ревии и на изложби.
Најавува уште една промоција што ќе се одржи утре во Скопје.


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: