Модна есен во Скопје

28 Oct
Со презентација на колекциите на српската група од четири млади креатори, „Белград воркшоп“, и на нашето ново дизајнерско име Јована Филиповиќ, вчера во 20 часот во „Мала станица“ почна есенското издание на Модниот викенд – Скопје. Паралелно со промоциите, во просториите на галеријата е изложбата на фотографии од книгата на влијателниот моден блогер Иван Родиќ, познат како „Фејс хантер“. Тимот на „Белград воркшоп“ доаѓа во Скопје по модните ревии во Љубљана и настапот на Модната недела во Атина, а за Филиповиќ ова е прва поголема самостојна промоција.Денеска програмата ќе му биде посветена на Родиќ, кој е меѓу најпознатите стилски блогери и важи за една од највлијателните личности на модната сцена на денешницата. Во просториите на „Мала станица“ е промовирана неговата книга Face Hunter (Hardcover), чија светска премиера беше во јануари во Париз. А се одржаа дебата и предавање за поврзаноста на уличната мода и на блогирањето, што е наменето за студентите од факултетите за арт и за дизајн. Вечерва во 19 часот ќе има забава во чест на „Фејс хантер“ во концептуалната продавница „Лудус“. В петок почнуваат ревиите на Модниот викенд, кои ќе се одржуваат во салонот на „Ауди, Порше“ во Скопје. Ќе може да се погледнат колекциите есен-зима 2010-2011 на млади и на веќе етаблирани дизајнери и модни куќи. Ревискиот дел ќе биде отворен со промоцијата на студентите од факултетите за арт и за дизајн во Македонија, а ќе биде доделена и награда за најталентиран млад креатор. Следува ревијата на новата македонска етикета „Стилисимо“, а вечерта ќе ја затвори Елена Лука. Наредниот ден (сабота) се ревиите на дизајнерското дуо Емилија и Елена Давиткови („Дума“), на Роберт Ивановски и на дизајнерката Олгица Ѓоргиева. В недела се ревиите на „Кокев-Кадриу“, на креаторката Александра Митковска и на познатата дизајнерка Росица Мршиќ. Ревиите почнуваат секој ден во 19 часот.
Организатори на Моден викенд – Скопје е „Модна недела корпорација“. Ова е единствена манифестација од ваков тип во Скопје, која промовира домашни и странски модни креатори, етикети, студенти по дизајн, фотографи, со цел да придонесе за развојот на модата кај нас. На минатото издание што се одржа во март годинава настаните ги посетија над 3.000 гости. (А.Н.) 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: