Лед-бајка на Филиповиќ

28 Oct

На отворањето на Модниот викенд-Скопје, во средата (27.10.2010) во “Мала станица”, најмногу одушеви модната инсталација на Јована Филиповиќ, една од најнадежните млади дизајнерки кај нас. Внесе свежина и направи чекор напред со својата уникатна и смела колекција “ЛЕД дизајн”.
Поради употребата на електронски додатоци ќе има малку поинаква презентација.
-Промоцијата беше замислена како изложба, односно еден вид светлечка инсталација, каде што се изложени моделите и модните додатоци. Моделите претставуваат продолжение на мојата дипломска колекција, од која ќе имам изложено неколку модели, а ќе има и нови парчиња како здолништа, фустани, шорцеви и слично. За разлика од претходната, оваа колекција е доста понослива зашто електронските додатоци ќе бидат независни од облеката и модните додатоци- вели Филиповиќ, која на 31 октомври ќе има свое претсавување и на Модната недела во Белград.
Јована има дипломирано моден дизајн на “Академија Италијана”, а зад неа се неколку презентации на годишните ревии на школата во Скопје и Фиренца.





 


Фото: АД фотографи и Skopje Street Style

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: