Ревија за борба против рак на дојката

21 Oct

По повод октомври-месец за борба против рак на дојката, во организација на Fashion Fever и на здружението “Борка”, вечерва во дискотеката “Б2”, во 23.30 ќе се одржи хуманитарна ревија. На т.н. “Розова ноќ” ќе се претстават повеќе македонски креатори: Никола Булески-Буле, Никола Ефтимов, Маја Кикириткова, Јасмина Дракул, Олгица Дојчиноска -Момировска (од студио “Чарли”), Елена Љутикова, Елена Лука и други, а ќе има и студенти од Технолошко-Металуршкиот факултет. Нивните модели се инспирирани од розовата панделка, која е светски симбол за борба против рак на дојката, креиран од светскиот бренд за козметика “Есте Лаудер”. Сите креации се хуманитарен придонес за “Борка”. Дизајните ќе ги носат манекени од модното студио “Црнокрак” и агенциите “Моделс ин” и “Њу лук”.
Присутните ќе ги забавува “Роки фанки бенд”, а ќе присуствува и дел од македонската естрада. Водител и аниматор на настанот ќе биде актерот Гораст Цветковски.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: