Етикета создадена од луда љубов кон модата

17 Oct
Со цел да ја зголеми понудата на македонската модна сцена и да одговори на барањата на своите клиенти, тимот на концептуалната скопска продавница „Лудус“ лансира модна етикета под наслов Ludus Loves Fashion. Првата женска колекција за сезоната есен-зима 2010-2011, која е именувана како „Имитација на чувствата“, беше промовирана завчера со ревија и фотосесија. Зад етикетата стојат основачите на „Лудус“: Драган Христов, Елена Апостоловска и креаторот Александар Стефановски. Дизајнот е заеднички, а моделите се подготвуваат во нивното ателје.
– Просторот и етикетата се производ на нашата голема љубов кон модата и кон автентичниот дизајнерски израз. Уште на почетокот имавме идеја да лансираме свој „лејбл“, но сега созреа моментот. Во концептуалната продавница презентираме нови македонски дизајнери и квалитетни странски брендови, нешто што и’ недостигаше на нашата модна сцена. Спонтано настана Ludus Loves Fashion поради зголемената побарувачка, но и како израз на сопствената потреба за свој бренд – вели Христов.
Сезонава нудат само модели за понежниот пол, но од идната ќе има и машка линија. Застапени се здолништа, фустани, кошули, панталони, палта, капути и комбинезони, изработени од висококвалитетни и 100 отсто природни материјали: памук, свила, волна и кожа. Доминираат кафената и сивата боја, а има и каро-шара, црната, белата и неутралната нијанса на виолетовата. Моделите се дополнети со рачно изработени модни додатоци, како украси за на глава, колани, чанти и чевли, кои се во појаки бои и одлично го дополнуваат изгледот на моделите.
– Гледавме да ги застапиме сите актуелни трендови, а има и моменти од сезоната што доаѓа. Тргнавме од употреба на квалитетни материјали. Ако едно парче е привлечно на прв допир, значи ќе биде примамливо и за носење – велат од „Лудус“.
Колекцијата е инспирирана од изгледот на актерката Жилиет Бинош во филмот „Штета“ од 1992 година.
– Наменета е за вистинските вљубеници во модата, кои имаат впечатлив личен стил. Дизајнерските парчиња не се само моден детал, туку се наменети да го дополнат и истакнат карактерот на поединецот. Се надеваме дека во нашите модели ќе се пронајдат повеќе типови жени. Парчињата ја засилуваат самодовербата. Мотив ни беа и индивидуалниот, цврсто изграден стил на сите наши клиенти што доаѓаат во продавницата.
Христов најавува дека се работи на доразвивање на колекцијата, со вметнување нови парчиња и материјали. Во план е и издвојување на посебна етикета за накит што ќе биде наречена Ludus Loves Accessories.

Платформа за новиот македонски дизајн
„Лудус“ е единствената концептуална продавница во Скопје што промовира нови и авангардни македонски креатори. Постои од јуни 2006 година, а застапува и интернационално наградувани производи од познати дизајнерски куќи. Од јуни 2007 почна и со модна понуда од наши дизајнери, спонтано прераснувајќи во платформа за новиот македонски дизајн. Низ годините, во овој простор се претставиле Ивана Коцева, Росица Мршиќ, Јован Петровски, „Шик андеркавер“, Елена Спасовска, Александра Митковска, Бурим Муслиу и дизајнерите на накит: Горан Иан и Александра Шекутковска.

by: Ана Несторовска
објавено на 16.10.2010 во “Дневник”
фото: Билјана Ковачевска

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: