"Лудус" лансира своја женска колекција

14 Oct
Скопската концептуална продавница “Лудус” ќе лансира своја женска колекција. Промоцијата на линијата наменета за сезоната есен-зима 2010/2011 година ќе се одржи вечерва во 20 часот, во просториите на “Лудус”.

– Со цел постојано да нудиме новитети и изненадувања за своите клиенти, почнавме со производство на модна етикета насловена како Ludus Loves Fashion. Колекцијата е наменета за вистинските вљубеници во модата, кои имаат впечатлив личен стил. Дизајнерските парчиња од оваа колекција не се само моден детаљ, туку се наменети да го надополнат и истакнат карактерот на поединците – велат од концепт-продавницата.

Во единствениот простор од ваков вид во метрополата четири години се промовираат колекциите на млади и авангардни креатори, како и интернационално наградувани производи од познати дизајнерски куќи.

Фото: Билјана Ковачевска

Mодел: Елена Трајановска (агенција “Моделс ин”)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: