Спасовска, "Шик андеркавер" и Џокиќ за сезоната есен-зима 2010-2011

9 Oct
“Шик андеркавер”

Дизајнерката Елена Спасовска, македонската модна етикета “Шик андеркавер” и новото модно име- Искра Џокиќ ги презентираa своите нови колекции во концептуалната продавница “Лудус” во Скопје. На промотивната забава покрај неколкуте уникатни парчиња, што за прв пат авторите ги нудат во своите есенски колекции, новитет во “Лудус” е и претставувањето на дипломска колекција на Џокиќ. Во нејзината линија, наречена “Музика и дизајн”, застапени се маички и панталони со нагласен волумен. Колекција на е инспирирана од модата од крајот на 80-тите години. Станува збор за модели поинаква од претходните. Во кројот се нагласени женственоста и сексапилот, а доминира црната боја во невообичаена комбинација со петролеј и кафената. Инспирацијата за новата колекција на Елена Спасовска е делото на Бодлер-“Цвеќе на злото”. Мешањето на општо прифатеното убавото и грдото, ја натерало дизајнерката да употреби тантела во комбинација со метални патенти. Материјалите со различна текстура даваат длабочина и контраст кај секој модел. Посебно внимание е посветено на деталите што сугестивно водат во светот на “лошите цветови”.

Од тимот на “Лудус” најавуваат промоција на својата прва сопствена женска колекција, што ќе биде претставена следната недела.

by:Елена Спасовска

by:Елена Спасовска


“Шик андеркавер”

“Шик андеркавер”


by: Искра Џокиќ

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: