Цаци Паковска го промовира модниот бренд „Стилисимо“

25 Sep

Познатата стилистка и водителка на емисија за мода, Цаци Паковска, завчера го промовира својот моден бренд наречен „Стилисимо“. Креациите за сезоната есен-зима 2010-2011 се изложени во истоимениот бутик во Градскиот трговски центар во Скопје. На колекцијата и брендот Паковска соработува со својата партнерка Тања Панделеска. Целокупниот изглед е дополнет со изработки од младата дизајнерка на накит од плексиглас Александра Шекутковска.
Креациите се изработени од високо квалитетни италијански ткаенини од повеќе моделари, шаблонери во неколку македонски текстилни фабрики. Секои десет дена ќе лансираат нови модели.
– „Стилисимо“ ги отсликува животните ставови на жени и на девојки со силен карактер, изграден стил, самосвесни и бестрашни пред светот кога треба да ги покажат своите квалитети. Колекцијата е составена од едноставни, безвременски парчиња облека, кои секоја жена би сакала и би требало да ги има во својот гардеробер – вели Паковска.
Заштитно лице на првата колекција на новиот бренд е познатиот македонски модел Маја Сашек, која специјално за оваа пригода ја бојадиса косата во црвено. Промоматеријалите ги фотографира Дејан Пановски.
(А.Н.)
објавено на 24.09.2010 во “Дневник”




Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: