Лунарен блесок на Бимбилоски во Њујорк

14 Sep
Познатиот македонски дизајнер Ристо Бимбилоски ја претстави својата нова колекција на Мерцедес Бенз модната недела во Њујорк, која се одржува од 10 до 16 септември. Креаторот, кој живее и работи на релација Париз-Њујорк-Охрид, имаше ревија на отворањето на престижната модна недела, во „Егзит арт“, со колекција за сезоната пролет-лето 2011, која била инспирирана од Месечината.
Колекцијата, според „Њујорк магазин“, била „вистинско чекорење по Месечината“. Моделите се со лунарни отпечатоци и бои од месечевиот спектар, кои се движат од бели, зелени, сивкасти, преку сите тонови на сината, па се’ до црната, збогатена со светликави елементи. Има лелеави здолништа во сите должини, на кои се прелеваат повеќе тонови, блузи, панталони, палта и фустани. Застапени се и рачните плетки, препознатливи за стилот на Бимбилоски.
-Секогаш ја набљудувам Месечината. Неодамна добив нов телескоп и ја следам од мојот прозорец. Мислам дека таа е нешто префинето, што ги спојува сите. Присутна е постојано и е неисцрпна како инспирација- изјави Бимбилоски за „Њујорк магазин“. Ова е негово трето претставување на овој престижен моден настан.
– Навистина беше одлично. Се чувствувам како вистински да отпатувавме некаде и се вративме назад – вели тој.
На прашањето дали некогаш носел нешто за кое сега жали, тој вели: „Се каам што досега не сум носел костум на астронаут“.
На колекцијата соработувал со фотографот Џејмс Рив од Лондон.
Бимбилоски стана препознатливо име на светската модна сцена со четиригодишната работа на машката плетена колекција за познатиот бренд „Луј Витон“. Изминативе неколку години создаде свој бренд со кој редовно се претставува на модните недели во Њујорк и во Берлин.

Ана Несторовска
објавено во “Дневник” на 14.09.2010

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: