Модни ноти на "Звуците на чаршијата"

13 Sep

Младите креаторки Аида Сарачини (Македонија), Џери Плана (Хрватска) и дизајнерки на накит и модни додатоци, Блашка и Санда Миеви, утре (14 септември) во 22 часот ќе одржат ревија кај Буши силвер во Старата скопска чаршија. Промоцијата е во рамките на проектот “Звуците на чаршијата”- настан чија цел е да се помогне во ревитализација на овој дел од Скопје. Ова е прв заеднички проект на младите креативки, а ќе резултира со колекција на парчиња облека наречена Waking up и колекција на накит, изработен од тенок плексиглас, мозаик и жица.
Дизајните на Аида Сарачини се плетени, давајки лесен, фрагилен изглед. Моделите на Џери Плана се сосема спротивниЧ панталони, здолништа, со класичен изглед, во строги, прецизни форми. Накитот на Блашка и Санда Миеви, пак, е навраќање кон еден од најстарите медиуми во уметноста, мозаикот. Ќе биде прикажан и накит изработен од тенок плексиглас и врз него е рачно сликано и модели од жица во кој се наѕираат впечатоци од преплети на мрежи и јазли.

Блашка и Санда Миеви

Аида Сарачини

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: