Иновативен преплет од бои и форми

13 Sep


Ана Несторовска
објавено во “Викенд” (“Дневник”) на 11.09.2010 г.



Во големиот бран од нови дизајнерски имиња и изработувачи на уникатни парчиња на накит и украси, кој последниов период се појави на македонската модна сцена, по својата иновативност и приод на површина исплива креативниот тим на скопјанките Магдалена Дилевска и Викторија Ланговска. Тие функционираат под името “Преплет”, преку кој трагаат по уникатен спој од бои, со цел да создадат креации за сите “уникатни души”. Во нивната работилница се создаваат украси и разновиден накит, како обетки во сите големини, ѓердани, прстени и беџови. Приказната на овој двоец почнала на Новогодишниот базар во Чифте амам. Дилевска и Ланговска, кои се апсолвентки на факултетот за Арт и дизајн на Европскиот Универзитет во Скопје, една кај друга ја препознале истата желба да создадат “нешто што не може да дефинира простор и време, само бесконечна инспирација и креирање карактерна особина и стил”. Така се споиле нивните интереси во “Преплет”.
– Името всушност означува завршокот на едно плетење, назив што се користи одамна. Преплет за нас означува нешто со кое завршуваме еден циклус на неколку парчиња накит, зашто кога твориме, работиме конкретно за некој базар или изложба, останатиот период работиме само по нарачка – велат дизајнерките.



ИНСПИРАЦИЈА ОД СЕКОЈДНЕВИЕТО
Магдалена и Викторија досега учествувале на неколку базари во нашата земја. Како позначајно го издвојуваат претставувањето на Биеналето за млади уметници, каде што беа примени со три дела. Следуваат и други проекти што се во областа на ентериерот и на графичкиот дизајн.
Изборот на материјали и форми, при создавањето на делата, зависи од тоа за која сезона креираат, но и од моменталната инспирација.
– Најчесто користиме конци за плетење, коноп, мониста и слично. Облиците секогаш доаѓаат заедно со материјалите и моментите на инспирација, с додека тие траат, траат и бескрајните облици и комбинации. Инспирација црпиме од секојдневните чувства и моменти што н опкружуваат и кои во моментот на креацијата ни даваат да го претвориме мирисот на чајот со цимет во пар зимски обетки или чувството на топлото сонце во летен разигран ѓердан.


ДИЗАЈНИ ЗА КРЕАТИВНИ И ХРАБРИ
За потребите на изложбите или базарите на кои учествуваат секогаш се трудат да создадат нови, единствени парчиња што ќе го носат нивниот препознатлив белег. Но, кога имаат нарачка да повторат некој дизајн, тоа го прават со интервенција во формата или големината, па така секое ново моделче е уникатно.
– Не’ препознаваат преку начинот на изработка и тоа нe’ прави многу среќни. Секое парче е преплет на нови идеи. Дизајнирано е за креативни, храбри, одлучни и луѓе што знаат да уживаат во секој момент од животот.
Дилевска и Ланговска деновиве го завршија опремувањето на своето дизајнерско студио, во кое ќе функционира “Преплет”. Покрај креирањето нов накит, во тек е реализација на експеримент со рециклирање стари парчиња облеки и материјали.
– На изработката на накит се’ уште гледаме како на хоби, па така новите колекции излегуваат само кога и двете имаме инспирација и слободно време за тоа – велат тие и додаваат дека за нивните модели може да се најават преку нивните страници на “Фејсбук”, “Девијант арт” и “Облечи се”.
Освен создавањето украси и накит, двете индивидуално се занимаваат со дизајн на ентериер и на графички дизајн.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: