Лидија Георгиева вечерва ќе зготви модна торта

11 Sep

Познатата модна дизајнерка Лидија Георгиева и џез-гитаристот Тони Китановски денеска во 20 часот ќе се сретнат на кулинарски дуел во клубот и ресторан во рамките на Младинскиот културен центар во Скопје. Георгиева ќе зготви француски специјалитети: „модна торта“ и „киш провансал“, а нејзиниот противник, јадења од мексиканската кујна, како бурито и мексиканска пица.

Дизајнерите се генерално доста талентирани за готвење. Претпоставувам дека се работи за некоја паралелна креативна фреквенција. Мојот стил на готвење е користењето на зачини, слично како што употребувам бои во модата, a веројатно и како што слушам музика. Новиот lounge клуб/ресторан во МКЦ e дело на Влатко ( ресторан Лира). Многу ми се допадна комбинацијата на шик ресторан и алтернативна локација како МКЦ. Тоа на некој начин ме потсетува на ресторалот во Palais de Tokyo во Париз-вели Георгиева.

На настанот публиката ќе ја забавува џез-составот „Марие Мараис бенд“.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: