Шорц кога си шворц

4 Sep


Да се најде во Скопје совршен модел од било кое парче од облеката, што ќе биде истовремено модерен, удобен, не прескап, квалитетен и да одговара на физичката конструкција, е невозможна мисија која на крај обично завршува со компромисно решение. Колку парчиња во вашиот ормар се купени како подобна замена за првичната замисла? За кои од нив можете да кажете дека ги содржи горенаведените предуслови? Едно? Две? Дури три? Летно време, со оглед на тоа што кодексот на облекување за в канцеларија не дозволува носење на одредени модели, како мини здолништа, блузи без ракави и шорцеви, тие влегуваат во дневниот аутфит за викендите и одмор. Знаејќи дека ќе ги носам само додека сум на одмор не сакам да фрлам многу пари за нив. Но, ако барате добри шорцеви, нема да поминете така евтино…Во недостаток од вистински попусти , а не симнување на моделите на цена што реално им доликува, и слабата понуда кај нас, можете да нурнете во старите ормари и да реактивирате некој од подзаборавените шорцеви или да адаптирате долги панталони, со потскратување, шиење или подвиткување. Три модели го задржуваат вниманието оваа година. Сечените фармерки или џинс-шорцеви, куси панталони со висока половина и бициклистички или панк-шорцеви.
Еве неколку економични идеи.








Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: