Мали парчиња од мали нордиски земји во Скопје

1 Sep

Преку уникатни креации, накит и додатоци ќе бидат презентирани најновите модни текови од три нордиски земји (Фарски Острови, Исланд и Гренланд ) на изложбата ”Мали парчиња од мали земји” што ќе се одржи на 3 септември (петок) во Младинскиот Културен Центар во Скопје. На годинашниот Нордиски летен викенд во Скопје COOL AS CAN BE ќе присуствуваат Jóhanna av Steinum од Фарските острови, Nauja Lynge Lyngesen од Гренланд и Sonja Bent од Исланд кои ќе прикажат свои, но и креации на своите колеги. Во продолжение се учесниците со фотографии од нивните дизајни.

1. Bibi Chemnitz (Гренланд) ја комбинира скадинавската улична мода со традицијата на Гренланд, давајќи им на своите креации сосема нов изглед.

2. Nauja Lynge Lyngesen (Гренланд) преку своите креации се обидува да се наврати на традицијата на легендите и приказните. (foto dolu)

3.Isaksen Design (Гренланд) го сочинуваат двете дизајнерки Rita и Nickie Isaksen. На изложбата ќе бидат претставени со два фустана од новата колекција.

4.Johanna av Steinum (Фарски острови) изработува луксузна волнена облека под својата етикета Steinum. Инспирацијата ја наоѓа во традицијата на плетење на Фарските острови.

5.Anna Kristin Bæk (Фарски острови) е модна дизајнерка и костимографка. Во Скопје ќе се претстави со чанти.

6.Turid Nolsøe Mohr (Фарски острови) изработува накит и додатоци, за кои користи злато, сребро и скапоцени камења.

7. Sonja Bent (Исланд) е млада дизајнерка од Исланд, која се фокусира на плетена облека. Таа игра со боите и текстурата и им дава нов модерен изглед на плетените парчиња.

8. Elín Hrund Þorgeirsdóttir (Исланд) е исландска дизајнерка, која дизајнира рачно изработен накит под етикетата Dýrindi.

9.Arndís Jóhannsdóttir (Исланд) живее во Рекјавик и изработува чанти и додатоци од рибја кожа.

10. Helga Mogensen (Исланд) е дизајнерка на накит, што креира од рециклирачки материјали.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: