Припитомена мода од 80-тите

25 Aug

Колку и да ја мразиме, и се потсмеваме и ја сметаме за треш, модата од 80-тите излезе дека е една од најнеисцрпните извори на нови идеи. Иновативноста на 2000-тите се базира на развивање и усовршување на основите создадени во минатиот век , па откако се изнаносевме три-четврт панталончиња со балетанки, хеланки, коктел- фустанчиња, фармерки во сите моќни форми и балон здолништа и кошули, некако логички се очекуваше дизајнерската љубопитност да чепне во страшните и неупотребливи партали од 80-тите години. Палтата и блузите со нагласени рамена го преживеаа тестот на применливоста , а добро им оди и на трапез- фустаните и здолништата. Никогаш не се надевав дека шарените дводелни фустани поврорно ќе се вратат на модното мени, а уште помалку, дека ќе ми се допаѓаат. Со избрусена и слилизирана форма, внимателно избрани принтови и соодветна комбинација со еднобоен горен дел плус црн појас, овие фустани и не се толку страшни ( како од спотовите на Мадона или модните магазини од 80-тите).
Гордниот дел е поспортски, едноставен и удобен, идеален за летниот период, додека долниот е подинамичен и остава простор за развивање на имагинацијата во изборот на интересни шари. Ефектот на дводелниот фустан може да се постигне со комбинација на блуза и кратко карирано, шарено здолниште, што ќе ги поврзете со соодветен колан. Креациите се носат на дневни прошетки и на незадолнителни вечерни излегувања и забави.





Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: