Корали освежување на ормарот

20 Aug

Кога ќе почне нова сезона често ме прашуваат “која боја се носи оваа есен, пролет?”….Трендовите првично се врзуваат за бојата, а потоа за формата. Од искуство знам дека посочувањето и избирањето на една боја , како најтрендовска, во одреден период е многу ризично, особено на мал пазар како нашиот. За многу кусо време сите приватни ормари се полнат со парталчиња во модерната боја, по секоја цена, а излозите на продавниците се како униформирани. Да, токму во едноличноста што со себе ја носи “ин тонот”, лежи опасноста од врзувањето со една-две бои. Трендовските бои треба да се прифатат како сугестија и можност за пробување на нови тонови, кои ако не ни одговараа не треба слепо да ја носите. Многу помодерно ќе изгледате ако најдете своја нијанса, што ќе ви прилега и ќе ја вклопите во својот имиџ…Во основа, темните и потопли тонови се врзуваат за постудените сезони, а светлите, пастелни за лето и пролет, но правилата постојат за да се кршат или освежуваат со нови идеи.
Мој фаворити за оваа продолжена летна сезона се корали-нијансата и море-сината. Во овој пост ќе се осврнам кон корали. Самотоа тоа што е неодредена нијанса меѓу розовата, портокаловата и црвената, остава простор за многу комбинации, што би одговарале со сите три бои. Доволно е едено парче да биде корали, а останатото некоја посмирена и не толку силна боја. Позитивната страна на оваа специфична е свежината и романтичниот шмек што го дава на целокупниот изглед. Но не смее да се претера и да се носи во секоја ситуација. Малку корали мпоже да донесе многу женственост и енегричност. Во продолжение се неколку модели во оваа боја.









Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: