Со експерименти создава нов универзум

15 Aug

by: Ана Несторовска
Објавено на 14 август 2010 во “Викенд“ (“Дневник”)


Мини-возови што испуштаат пареа, мали бакарни лажички, виљувчиња и тенџерчиња, роботчиња, тиквички, модри патлиџани, “дијазепам” и уште многу парчиња накит со интересен дизајн создава младата скопјанка Дафина Џепароска. Најчесто изработува обетки што се готови за најкусо време. Прави и прстени, и вели дека кај нив е секогаш најкреативна. Во нејзиното ателје се создаваат и ѓердани, брошови, приврзоци, шноли, ластичиња и алки за на рака и на нога.
– Сакам кога нештата имаат примена, а намената на накитот ја пронаоѓам во дефинирањето на стилот на една личност. Деталите значат многу во изгледот, а стилот говори за личноста. Повеќето од моите моделите немаат некоја конкретна форма, но претставуваат една обмислена целина – вели Џепароска.
Покласично изработените парчиња ги прави од чешки кристали, што ги донела од фабриката за стакло во Бохемија, каде што им се одушевила на разновидноста на изборот и посветеноста на вработените. Помодерните модели, пак, се од најразличен материјал: пластични играчки, делчиња од расипани машини, копчиња, сајли, конци и жици.
– Понекогаш цртам на самата мониста, со бои за стакло, а понекогаш лепам и принтови. Да се експериментира со обликот е како да се создава еден цел универзум – вели таа.


СЕКОЕ НОВО ПАРЧЕ – ОМИЛЕНО
Извор на инспирација за неа може да биде буквално с. Od zalez na sonce pa s до паднато делче од автомобил на улица.
– Најчесто идеите ми светнуваат во сосема безначајни моменти, на пример додека разговарам со пријателите за нешта што не се поврзани со уметноста или одејќи по улица. Ако не ги запишам идеите, знаат да се изгубат во неповрат. Предизвик ми е кога знам за кого точно треба да направам нешто. Тогаш, се трудам да го погодам стилот на личноста, секако, оставајќи своја трага во делото – вели таа.
До пред извесно време сите креации им ги подарувала на своите пријатели и луѓе што оставиле впечаток, или како знак на благодарност. Од неодамна почнала и да продава.
Сите нејзини дела се уникатни, а повторува модел само по барање на клиентите. Тогаш го задржува стилот, но си игра со деталите и боите.
– Им се радувам на сите парчиња кога ќе ги направам, сите се убави на свој начин. Секое ново парче ми станува омилено – вели Дафина, која открива дека најубавите дизајни сепак ги чува за себе.


НАСКОРО ИЗЛОЖБА
Единствено место на кое можат да се видат и нарачаат е нејзината страница на “Фејсбук”. Изработува исклучиво женски додатоци, бидејќи, како што вели, сите обиди за машки украси завршуваа прекичесто за нејзин стил.
– Имам правено и накит за јавни личности, но само на тие што ми се пријатели. Наскоро планирам јавна промоција. Ќе организирам изложба од новонаправениот накит и ќе ги соберам веќе подарените парчиња.
Сега правам накит по желба на другарки. Работам на шнола, што би требало да има морски стил и обетки што ќе личат на вилински коњчиња.
Покрај накит, Дафина изработува и необични честитки. Обожава да витка подароци, а црта и на стакло и на огледала. Досега има дизајнирано едно капутче и неколку чанти, кои сепак не си ги сошила самата.


Уметничка душа во Министерство за финансии
Многу сакам да открива, да наоѓа смисла во навидум безначајни нешта, да ја опфати неповторливата атмосфера на одредени ситуации и да ги опредмети, затоа и сака да фотографира, а понекогаш пишува и раскази.
– Патувањата ме исполнуваат и ми даваат елан за извршување на секојдневните обврски, а целосен мир наоѓам во часовите по јога. Инаку, работам во Министерството за финансии. Во моментов земам часови по филигрантсво.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: