Мадона бендиса креација од Лидија Георгиева

9 Aug

by: Ана Несторовска
Објавено на 09. август 2010 во “Дневник”

Поп-кралицата Мадона, која важи за една од најголемите модни икони на денешницата, неодамна набавила фустан дизајниран од нашата позната креаторка Лидија Георгиева, која живее и работи во Париз. Мегаѕвездата, која сега снима филм во француската метропола, го купила моделот од еден од бутиците во Париз каде што се продаваат и креациите на македонската дизајнерка. На шопингот Мадона била со својата ќерка, со која долго се задржале, а меѓу другото го бендисала и моделот на Георгиева.
– Многу и’ се допаднал мојот фустан, рекла дека такво нешто и’ требало. Се работи за рачно изработен дизајн од црна свила со, исто така, рачно направени големи петлици од перли што го украсуваат моделот – вели Георгиева, која возбудливата информација ја дознала од сопственичката на продавницата преку СМС-порака уште истата вечер.
Ова било неочекувано за Лидија бидејќи не знаела дека поп-пејачката и претходно била клиент во бутикот.
– Мадона пазарела по полноќ. Сцената била вообичаена за Париз кога некоја ѕвезда влегува во продавница: веднаш се затвораат вратите, а пред влезот буквално се „залепуваат“ телохранителите и стотина фанови.
Бутикот, кој функционира 18 години, се наоѓа во еден од најубавите квартови во Париз, на Сен Жермен, меѓу продавниците на „Прада“ и на Соња Рикел.
– Изборот на брендови е голем, а сопственичката знае умешно да измеша модели од „Шанел“, „Сент Лоран“ и Кристијан Лакроа со парчиња од независни дизајнери како мене, што работат колекции во мали серии, со софистицирана, скапа изработка, а голем дел имаат искуство со работа во луксузните модни куќи. Поради тоа изгледа нетипично, па богатите клиенти од цел свет доаѓаат да си набават нешто уникатно и интересно – вели таа.
Неодамна Георгиева со моден перформанс во Скопје ја прослави 10-годишнина од својата работа како креаторка. По препорака на славниот Кристијан Лакроа се школуваше на престижната Париската школа за применета уметност „Дипере“, а досега има работено за големи модни имиња како Pierre Balmain и Rochas. Колекциите со нејзин потпис се дистрибуираат низ Франција, Италија, Јапонија, САД и во Македонија. Работи и како визитинг-професор на студиите по моден дизајн на Европскиот универзитет во Скопје.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: