Моден викенд -Скопје од 25 до 31 октомври

8 Aug

Eсенското издание на Модниот викенд-Скопје (FWSK) ќе се одржи од 25 до 31 октомври во салонот на “Ауди, Порше” во Скопје. Организаторките Света Богова-Јовановска и Данијела Симоновска од “Модната корпорација” најавуваат дека дел од настаните ќе се одржат во неколку галерии, модни и концептуални продавници, шоу-рум простори и друго. Тие се во постојана комуникација со дизајнерите и модните куќи што се презентираа на изданието оваа пролет.
– Некои од креаторите забележале 100-отстотна продажба на своите колекции уште во првиот месец по претставувањето на Модниот викенд и веќе го најавија своето присуство на следното. Тоа н мотивира и ги оправдува нашите заложби да работиме на воспоставување на FWSK како двигател на македонската модна сцена и нашите заложби во правец на развивање на различните сегменти кои се неизоставен дел од модната индустрија. Бевме контактирани и од повеќе компании кои ни понудија креативни решенија за одредени сегменти од модниот настан, но и од компании кои побараа од нас да работиме со нив на одредени проекти – велат тие.

by: Ана Несторовска
фото: Димитар Петровски

извадoк од интервјуто со агенцијата “Подиум”
Објавено на o7. август 2010 во “Викенд” (“Дневник”)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: