Kреативност разбудена од хаосот

5 Aug

by: Ана Несторовска
Објавено на 31. 07 .2010 во “Викенд” (“Дневник”)

По неколкугодишно креирање накит и шиење облека за себе и за своите најблиски, охрабрени од позитивните реакции за направеното, младите самоуки дизајнерки Александра Василевска и Наташа Костадиновска решиле да почнат да ги покажуваат своите креации на светот. Сосема спонтано, заради учество на “Баскер фест”, дошле до името SaNeEe & NaT ♥ 2 Create 4U за својот мини-бренд. Благодарение на мрежата за дружење “Фејсбук”, брзо се популаризирале меѓу љубителите на уникатни и урбани рачно изработени украси и накит. Во нивниот креативен опус има обетки, ѓердани, венчиња, брошеви, прстени, тефтери, марами, капи, украси, што најчесто се во форма на цветови, панделки, кругови, коцки и друго.




ПРВИТЕ ДЕЛА КРЕИРАНИ ВО ДЕТСТВОТО
Ниту една од нив нема посетувано курс или школа за дизајн. Интересот за креирање накит кај двете дизајнерки се развил уште во најраното детство.
– Мојата приказна со креирањето почна во деновите кога баба ми, за да н смири мене и брат ми, со кој бевме многу немирни, ни даваше копчиња да ги нижеме на конец. По многу години, за време на еден престој кај неа, кога не ми се учеше, ги најдов копчињата и го направив својот прв ѓердан, што с уште ми е еден од најомилените – вели Александра.
Наташа, пак, првите плетки ги направила под туторство на својата мајка.
– И покрај напорот на мајка ми да ме научи, првично немав голема желба да плетам, с додека еден зимски ден пред четири години, не можејќи да си најдам капа каква што сакам, решив сама да си сплетам. Оттогаш почнав да си купувам волница во секакви бои и да плетам. Денеска сум препознатлива по моите плетени “колачиња”.
Своите дела денеска најчесто ги изработуваат од дрво, пластика, волница, конец и текстил. Велат дека со експериментирањето со облиците има периоди кога одат во крајност, но има и периоди кога едноставноста им претставува совршенство.
– Делата настануваат најспонтано, а времето за кое ги завршуваме зависи од сложеноста на креацијата. Инспирацијата е пробудена од хаосот што гризе околу нас. Во потрага по недостижното, се затвораме во нашето скриено катче и креираме дела што го доловуваат нашите чувства.



ДИЗАЈН НА ОБЛЕКА
Голем дел од моделите што тие ги изработуваат се уникатни , по форма или боја, но по барање на клиентите често повторуваат определен дизајн.
Нивни клиенти се исклучиво припадничките на понежниот пол,
на возраст од 15 до 35 години. Делата моментално може да се најдат на нивната страница на “Фејсбук” и на базарите.
– Досега сме учествувале само на “Баскер-фест”, а планираме да се претставиме и на следните базари. Сметаме дека ваквата промоцијата е важна за самостојните дизајнери. Досега немаме соработувано со некои јавни личности, но доколку ни се укаже таква можност, не би ја пропуштиле – велат тие.
Во моментов во работилницата на SaNeEe & NaT ♥ 2 Create 4Uсе изработуваат бикини и плетени мониста. Покрај создавање накит, тие се занимаваат и со дизајн и шиење облека. Александра, освен со креирање модни додатоци, се занимава со маркетинг, а изминатиов период престојуваше во Германија, со надеж дека ќе успее да го прошири “бизнисот”. Наташа е студент на Филолошкиот факултет. Моментално ужива во летните денови и секој ден се обидува да биде креативна.


One Response to “Kреативност разбудена од хаосот”

  1. carka Август 9, 2011 at 5:06 pm #

    odlicno napraveno.Bi trebalo da ima poveke mladi da bidat kreativni me raduva sto go gledam ova vi posakuvam uspeh.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: